Култура

Која е тајната на „шведската диета“ со која брзо се губат килограмите

За љубителите на месо, риба и млечни производи, ова диета е одличен избор а исто така го регулира и шеќерот во крвта, што е одлично за дијабетичарите. Овој режим на исхрана подразбира намален внес на јагленохидрати, а акцентот е ставен на мастите и протеините. Уште една предност на оваа диета е што можете да заборавите на броењето на калориите.

Дозволени намирници:

  • Сите врсти на меса (пилешко, јунешко, дивеч)
  • Сите врсти на риби и ракови
  • Јајца подготвени на сите начини
  • Зеленчук што расне над земја: зелка, кељ, брокула, прокељ, шпаргла, тиквици, малини, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, лук, пиперки, модар патлиџан и други)
  • Млечни производи со висок процент на маснотија: јогурт, путер, павлака, кајмак, разни видови сирење
  • Јаткасти плодови: сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви.

Дозволено понекогаш:

  • Зеленчук: цвекло, морков, репка, целер
  • Овошје: еден плод на овошје на ден, се препорачува малина бидејќи содржи мал процент на шеќер
  • Чоколада: со висок процент на какао, над 70 проценти, и тоа еднаш до два пати неделно

Не е дозволено:

  • Шеќер, сокови, газирани пијалаци, различни теста, слатки, сладолед, мусли, вештачки засладувачи
  • Житарки и скроб: леб, паста, ориз, компир, чипс, каши од житарки
  • Маргарин и рафинирани масла
  • Пиво

Оваа диета одговара на луѓе што живеат во поладни краеви, или е погодна да се направи преку зимата. На младите и здрави лица кои физички се активни, овој начин на исхрана посебно им одговара. Исхраната е едноставна и не оптеретува.

Сепак, препораката е повремено да се применува ваков начин на исхрана, посебно ако саката брзо да ги намалите килограмите и да го исфрлите вишокот на маснотиите од ткивата.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *