Култура

Направете домашно бадемово млеко

Растителните млека стануваат се повеќе застапени во исхраната, не само на оние кои се хранат со сурова или веганска храна, туку и на сите останати кои сакаат поздрава алтернатива. Тие се прават од различни јатки, семки и житарки: бадеми, лешници, индиски ореви, коноп, овес, кокос и слично. Процесот е едноставен и скоро ист кај сите нив. Потребни состојки за млеко од бадеми:

100гр бадеми (непечени и несолени)

засладувач по желба (мед, јаворов сируп, агавин сируп или 4-5 урми)

1-1.5 литар вода

Ставете ги бадемите во вода, минимум 6 часа, а може и цела ноѓ да ги оставите да се киснат, за да набабрат и омекнат. Вака накиснатите бадеми ослободуваат хранливи ензими кои се многу добри за воспоставуванје на алкална средина во организмот. Водата треба да се смени неколку пати за да биде свежа, и истата не треба да се конзумира.

Потоа излупете ги и ставете ги во блендер, заедно со некој од споменатите засладувачи.  Додадете  300мл вода. Блендирајте додека не добиете еднаква кремаста маса. Потоа додадете го и остатокот од водата и блендирајте уште неколку минути.

Бадемовото млеко е едно од најдобрите млека кое може да ги консумираме, особено ако организмот не поднесува лактоза. Тоа не содржи заситени масти и холестерол, а е богато со омега-3 масни киселини кои се многу добри за срцето.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *