Култура

Пилешка салата со сусам

Сусамот е зачинска и лековита билка. Одамна е познат како средство за опоравување кај многубројни болни состојби на организмот. Ефектите на сусамот се следниве:

  • го успорува стареењето
  • го намалува холестеролот
  • го намалува крвниот притисок
  • го штити црниот дроб од оксидативни оштетувања
  • делува антивоспалително
  • делува против болки кај артритис
  • ги ублажува грчевите кај астмата
  • ги намалува отоците
  • ги смирува проблемите со дишење
  • го намалува ризикот од срецев удар
  • ги смирува мигренските главоболки
  • го нормализира ритамот на спиење
  • превентивно делува на остеопороза

 

 Пилешка салата со сусам

  • 400 грама бело месо (стек)
  • 200 грама кисели краставички
  • 100 грама сусам
  • 150 грама грашок
  • 4-5 моркови
  • 3 зелени пиперки
  • 150 грама павлака
  • сол
  • бибер по желба
  • 2 лажици свеж исечкан ѓумбир, но и не мора ако некој не го сака.    Белото месо се вари и се сечка на коцкички. Се сечкаат киселите краставички, морковот се сечка долгнавесто на мали ленти, и на ист начин се сечкаат и зелените пиперки. Сусамот се запекува на плоча за да добие златно-кафеава боја. Сите состојки се соединуваат со павлаката и се посолува.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *