Култура

Почина Чак Бери

Рок-енд-рол ѕвездата Чак Бери почина на 90-годишна возраст во неговиот дом, извести полицијата на областа Сент Чарлс во американската држава Мисури. Американскиот гитарист и пејач, Чак Бери, беше еден од основачите на рокенролот.  Пејачот и гитарист беше познат по хитовите како што се Jonny B. Good, Sweet Little Sixteen…  ТЧак Бери остави голем музички опус, од „Maybellene“ до „Roll Over Beethoven“ и „Johnny B. Goode“ кои извршија големо влијание на следните музички генерации. Беше автор на голем број рок класици, а во 50-тите, 60-тите и 70-тите компонираше десетици хитови, меѓу кои „Sweet Little Sixteen“, „School Days“ и „My Ding a Ling“. Џез гитара научи да свири во детството и оттогаш се занимава со ситен криминал. Во 1955 година ја снима својата прва песна „Maybellene“ која станува голем хит.

Чак Бери и Брус Спрингстин

Кон крајот на педесетите постигнува светски  успех, а во неговите песни пее за секојдневни теми од животот, љубов, училиште, автомобили… Станува омиленмеѓу младите кои го сакаат рокенролот. Кариерата во 1961 година  му е прекината поради двегодишниот престој во затвор заради поврзаност со проституција. По излегувањето од затвор минува низ тежок период, иако неговите музички стандарди се прифатени од повеќе европски групи, како што се Битлси и Ролинг Стоунси. Боб Дилан го нарекуваше Бери „Шекспир на рокенролот“, а Џон Ленон еднаш изјави „ако сакате на рокенролот да му дадете друго име, тогаш можете да го наречете – Чак Бери“.

На својот 90-ти роденден, тој ги изненади сите со најавата на својот нов албум, прв во последните 40 години. Албумот, скромно наречен „Чак“, е снимен во студијата во близината на Сент Луис и би требало да се појави годинава. По веста за смртта на рок легендата, Брус Спрингстин кој го познаваше многу добро, на својот „Твитер“ изјавил дека Чак Бери бил најголемиот рокер, гитарист и најголемиот текстописец на најдобриот рокенрол кој некогаш живеел“. 

Во 1984 година Чак Бери доби награда Греми за животно дело и беше меѓу првите кои влегоа во Рок-енд-рол куќата на славните во 1986 година.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *