Култура

Посни бајадери

  • 100 грама мелен лен 
  • 400 грама мелени ореви (или кикирики, поефтина варијанта)
  • 100 грама шеќер во прав
  • 1 лимон
  • 400 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Во тенџер се става 300 грама шеќер, ванилата и 100 мл. вода и правиме густ шербет. Во овој шербет се додаваат мелените ореви (кикирики) и мелениот лен. Смесата ја ставаме на послуѓавник и правиме од неа правоаголна форма. 

Преостанатиот шеќер со 50 мл. вода ги ставаме да зовријат во шербет. Кога ќе се излади малку шербетот, во него го додаваме шеќерот во прав и сок од 1 лимон и мешаме со лажица се додека оваа смеса не добие бела боја. Овој прелив се нанесува врз бајадерата.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *