Култура

Проја – ефтина, вкусна и здрава!

Потребни состојки:

  • 3 кафени филџани бело брашно
  • 3 кафени филџани пченкарно брашно
  • 4 јајца
  • 250 г. сирење
  • 2 кафени филџани зејтин
  • 1 канче кисело млеко
  • 2 кесички прашок за печиво
  • 1/2 чаша кисела вода
  • сол

Подготвување:

Во подлабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Ги додаваме зејтинот, киселото млеко, киселата вода, двата вида брашно и прашокот за печиво. Посолуваме и мешаме со жицата. Магдоносот го миеме со вода и китката ја сечкаме ситно на даска за сечење, сирењето го дробиме со вилушка и ги додаваме во садот. Мешаме со лажица се додека смесата не се соедини. Потоа, тестото го ставаме во претходно намрсена тава за печење. Тавата ја ставаме во рерна и печеме 40 минути на 180 степени.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *