Култура

Руска или француска салата

Во нашата држава е особено популарна верзијата на салата во која што се става варен морков и компир, пилешка шунка, кашкавал, кисели краставички, мајонез. Некои во оваа комбинација додаваат и тврдо варени јајца, а ако додадете и грашок, тоа веднаш прераснува во француска салата.

  • 300 грама компир
  • 300 грама морков
  • 300 грама кисели краставички
  • 150 грама варен грашок
  • 200 грама кашкавал
  • 200 грама пилешка шунка
  • 1 тегла мајонез
  • малку сол, црн пипер

Наместо пилешка шунка може да се стави пилешки стек и неколку лажици павлака.

Компирот, морковот , јајцата и грашокот треба да бидат сварени, Сите состојки се сецкаат и се соединуваат со мајонезот и по желба неколку лажици павлака. Се посолува и се става црн пипер – бибер.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *