Култура

Седум билки кои можете да ги одгледувате во вода

Следниве седум билки ќе можат да раснат во садови со вода и се поедноставни за одржување од саксиите со земја.

Наједноставно е да се земат билки со корен или пак изданок или чепка од билката и да се стави во стаклено шише или друг стаклен сад наполнето со обична вода. Пожелно е да се избегне користење на хлорирана вода бидејќи не е добра за билните влакна. Водата за пиење, оставена да отстои преку ноќ е пожелна за употреба, како и дождовницата. Изворската вода или водата од бунарот се најдобри, бидејќи имаат извесна количина на растворливи минерали  кои се корисни за билките.

Скршените гранчиња или чепки, многу брзо пуштаат коренчиња во водата и не е потребно во водата да се додаваат суплементи за побрзо растење.

  1. Мента

Мента е билка која најмногу се користи во медицински цели бидејќи содржи висок процент на ментол.

  1. Оригано

Се земаат свежи резници и се ставаат во вода

  1. Босилек

Босилек е билка на којашто и годи топлина и може да остане долго во вода, се додека е топло и светло. Се земаат чепки пред растението да процвета

  1. Жалфија

Се земаат чепки од оваа билка рано на пролет и ставете ги во вода.

5 . Маточина

Гранки од оваа билка можат да се земат на пролет или во есен. На маточината и е потребно 3 до 4 недели да пишти корења.  Водата треба да се менува редовно.

  1. Рузмарин

На оваа билка и е потребно повеќе време додека таа да пушти корења, но таа без проблем  опстојува на сончево место.

  1. Стевија

Оваа слатка билка е одлична за засладување на чај и на други напитоци. Земете гранчиња од оваа билка и ставете ги во стаклен сад со вода на топло и светло место.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *