Култура

Швајцарец продава чист воздух од Алпите за околу 100 долари

Дека можностите да се заработат пари и досетливоста на поединци денес се големи, зборува и примерот на швајцарецот кој продава воздух од швајцарските Алпи преку интернет. Џон Грин од Швајцарија почна да собира тегли чист воздух од Алпите и да ги продава онлајн тврдејќи дека воздухот е како шампањско. Грин е роден во Лондон, но живее во Швајцарија веќе 20 години. Тој сега одлучи да го продава свежиот воздух на својата интернет страница MountainAirFromSwitzerland.com во тегли со три големини. Околу 470 милилитри се 97 долари, околу 950 милилитри се 167 долари, додека околу 3 литри се 24 долари.

Тој вклучува и сертификат за автентичност со секоја тегла, а воздухот го зема од тајна локација. „Да речеме дека воздухот е од место каде што во близина има шуморлив поток кој се напојува со вода од познат глечер во близина на многу позната планина“ се вели на неговата страница. Сепак, секој што ќе купи тегла воздух од него ќе добие GPS координати за да може да ја најде тајната локација. За најдобро искуство Грин препорачува теглата со воздух прво да се стави во фрижидер пред да се отвори.

На страницата уште се вели: „Навистина се чувствувам како прероден кога ќе се качам на Аплите и ќе вдишам од свеќиот воздух. Дефинитивно има нешто магично во воздухот. Затоа треба да си купите барем малку“.

Според Грин, 25% од профитот ќе оди за хуманитарната организација World Vision. Што се однесува на цената, тој вели дека сака неговиот бизнис да биде одржлив и мора да ги пресмета трошоците за достава до целиот свет. „Не заборавајте дека швајцарскиот воздух е скап дури и за Швајцарците“ додава Грин.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *