Култура

Словенија е најодржлива држава во светот според ОН

Обединетите нации ја најавија 2017 година како година во која како никогаш досега ќе се стави фокус на одржливиот туризам. А кога станува збор за одржливост, на крајот на 2016 година на првото место на листата на најодржливи држави во светот се најде Словенија.

Како што пишува National Geographic, оваа јадранска еклава сместена помеѓу зелени полиња, снежни врвови и пенливи води, е прогласена за најодржливата држава во светот. Словенија задоволила неверојатни 96 од вкупно 100 индикатори за одржливост, како околина и клима, култура и автентичност, природа и биодиверзитет итн.

Имено, минатата година и главниот град Љубљана се закити со признанието Europe’s Greenest Capital кое го назначува Европската унија. Инаку, дури 60% од државата се покриени со богати шуми, а неверојатната бројка од 40 паркови и резервати се дом на околу 20.000 различни растенија и животни, со мрежа од разнолики патеки за планинарење. Патната инфрастуктура на Словенија овозможува лесен пристап до прекрасните езера и гратчињата со калдрми. Сето тоа е овозможено и негувано во држава со популација од малку повеќе од 2 милиони жители.

(nationalgeographic.com)

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *