Култура

Велигденски козињак

  • 20 гр свеж квасец(пола коцка)
  • 50 мл млеко 
  • 50 мл јогурт 
  • 50 мл масло 
  • 50 гр маргарин 
  • 5 лажици шеќер 
  • 1 ванила 
  • 500 гр брашно 
  • 1 јајце 
  • 1 јајце за премачкување
  • Се загрева млекото со квасецот, шеќерот и малку брашно да биде млако кон топло. Се остава да се запени. Јогуртот се мати со јајцето. Во пластичен сад се става брашното, се додава јогуртот со јајцето, квасецот, ванилата, маслото и се меси меко тесто. Откако убаво ќе се измеси тестото следува следната фаза за козињакот да биде богат со конци. Маргаринот се растопува и се остава да се излади. По малку се додава од маргаринот во тестото и така се меси се додека не се потроши цел маргарин. Се остава тестото да одмори околу 1-2 часа.  Стасаното тесто  се вади на намрсена работна маса се дели на 3 дела од кои се плети плетенка. Се става во намрстен калап, се завиткува во кеса и повторно се враќа во рерна на 25-30степени околу 30мин. Откако убаво стасала плетенката се премачкува со изматено јајце со малку млеко и се наросува кристален шеќер. Се пече на 180 степени. Откако убаво ќе добие боја се покрива со алуминиумска фолија и се враќа во рерна. Вкупно време на печење околу 40 мин. Испечениот козињак се премачкува со маргарин и се покрива со кујнска крпа. Пробајте нема да згрешите,сигурно ќе ви се допадне.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *