Култура

Воспаленија на мочниот систем и превенција

Воспаленијата на мочниот тракт се многу чести. Подеднакво се јавуваат и кај жените и кај мажите. Најчести причинители се бактериите Echerichia coli (E. coli) и Enterokokа. Тие бактерии вообичаено се наоѓаат во цревата на луѓето. При пад на имунитет или некое пореметување тие можат да преминат во мочниот тракт каде предизвикуваат воспалителни промени. Воспаленијата на мочниот систем ги делиме на уретритис, циститис, простатитис и пиелонефритис. Во 80% од првите и акутни воспаленија причинител е E. Coli.

Воспалението на мочниот меур се карактеризира со зачестено, отежнато и болно мокрење со печење во мочната цевка. Мочта е матна, со потемна боја, понекогаш и крвава. Кога станува збор за првиот, изолиран случај на воспаление на мочниот меур кај млади жени, доволна е тридневна антибактериска терапија без утврдување на причинителот на болеста. Во сите други случаи потребна е бактериолошка анализа на мочта, т.е. утврдување на причинителот на болеста. Терапијата трае 7 дена. После терапијата во поголем број случаи доаѓа до излекување. Ако не дошло до излекување, или воспалението се повтори, потребно е да се повтори терапијата со антибиотици. После тоа се спроведува профилактичка антимикробна терапија во траење од 3 до 6 месеци.

Мажите често се жалат на различни потешкотии при мокрењето. Без разлика на симптомите, мажите над 45 години би требало еднаш годишно да одат на уролошки преглед.

Освен воспаление на мочниот меур, E. Coli може да предизвика и воспаление на бубрезите, а кај мажите воспаление на простатата, па заради превенција треба да се избегнува: студ, алкохол, газирани пијалаци, лута храна. Ако воспаленијата се повторуваат, потребна е дополнителна дијагностика за да се исклучи постоење  камен во мочниот систем, аномалија на мочниот систем или други патолошки процеси.

Потребно е задолжително да се направи ултразвучен преглед на мочниот систем и според потребата понатамошни посложени дијагностички постапки. Кај терапии предизвикани од бактерии треба да се води сметка за отпорноста на бактеријата на антибиотици. Затоа е важно кај сите комплицирани и рецидивирачки воспаленија да се направи уринокултура со одредување на чувствителност на антибиотиците на бактерија. Така ќе се намали непотребно и неефикасно земање  антибиотици. Секое отежнато мокрење, печење во текот на мокрењето, ноќно мокрење или крв во мочта бара преглед кај уролог без разлика на возраста.

Совети за превенција
Личната хигиен
а е прв и најважен фактор во спречување на појава на уринарна инфекција. Секојдневно одржувајте го чисто вашето генитално подрачје и менувајте влошки и тампони редовно за време на менструацијата.

 Бришете се од напред кон назад. Повеќето уринарни инфекции се предизвикани од ректална бактерија која го напаѓа вашиот вагинален регион. Ако не сакате да и помогнете на бактеријата, водете сметка за ова..

Пијте доста вода.  Водата помага за измивање на бактериите во уринарниот тракт и така го намалува ризикот од уринарна инфекција. Бидете сигурни дека бојата на урината е бледо жолта, а не темно жолта. Бојата може да покаже дали внесувате доволно вода.

Уринирајте секогаш кога имате потреба – не трпете. Празнењето на мочниот меур кога вашето тело ќе почувствува потреба е многу важно за зачувување на здрав мочен меур.

Избегнувајте производи кои можат да ги надразнат гениталиите. Користењето дезодоранс, пудер или туш во пределот на гениталиите може да го надразни мочниот канал.

Носете само долна облека од памук. Онаа која не е од памук го зголемува ризикот од уринарна инфекција, бидејќи послабо ја апсорбира влажноста и со тоа се создава добро опкружување за развој на лоши бактерии.

Повеќе туширајте се, помалку лежете во када. Топлата купка создава добро опкружување за развој на лоши бактерии.

Избегнувајте создавање запек. Запекот го зголемува бројот на бактерии кои се создаваат во подрачјето помеѓу вагината и анусот. За полесна работа на цревата најважна е исхраната.

Проверете го нивото на естроген во телото. Тој, меѓу другото, служи како плодно тло за развој на добри бактерии, ја намалува шансата за развој на лоши бактерии во вашиот мочен меур. Тоа се постигнува со задебелување на клетките околу влезот во мочниот меур и лачење на телесни течности за време на сексуален однос. Најчест знак за ниско ниво на естроген е сува вагина, и овој феномен најчесто е посебно изразен во менопауза. Задолжително консултирајте лекар во врска со ова.

Диетата задолжително да содржи и сок од брусница и јогурт. Жените кои редовно консумираат сок од брусница и/или ферментирани млечни производи, помалку се подложни на уринарни инфекции. Сокот од брусница ја зголемува киселоста на мочта. Оваа киселост ја намалува pH вредноста на мочта, отежнувајќи им на тој начин на лошите бактерии да се задржат на ѕидот на мочниот меур. Само водете сметка да не се додадени шеќери или адитиви. Користете 100 % сок од брусница и обичен јогурт со помал процент на маст.

Во вашето дневно мени додадете овошје и зеленчук богати со витамин Ц. Витаминот Ц го јакне вашиот имунолошки систем и произведува киселост на урината, која помага да се намали присуството на бактерии. Минимизирајте го консумирањето алкохол, кафе, чај и газирани пијалаци.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *