Култура

57. „Охридксо лето“ ќе го отвори џез квартетот „Форплеј“

Годинешното 57. издание на „Охридско лето“ ќе биде отворено со концерт на џез квартетот „Форплеј“ ќе го отвори годинашното 57. издание на оваа најреномирана културна манифестација во Македонија. Квартетот  во Античкиот театар Антички театар ќе настапи заедно со оркестарот на „Македонската филхармонија“ под диригентската палка на Емин Џијан. Годинава  фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржува под мотото „Патот до магијата“ и исато така ќе има и ново лого. „Охридско лето“ низ своето безмалку шестдецениско постоење прерасна во своевиден бренд на Република Македонија, манифестација која силно ја промовираше и афирмираше нашата држава во меѓународен контекст и ги градеше нашите релации со светот.
Во последните 10 години, со изразената поддршка на Министерството за култура, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ беа реализирани преку 500-тини културни настани меѓу кои со посебно внимание ќе ги издвојам настапите на големите Елина Гаранча, Дмитриј Хворостовски, Лео Нучи, Џеси Норман, Енио Мориконе,… како и претставувања на култните театри како „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петерсбург, Словенско народно гледалишче, Националниот театар од Турција, „Сфумато“ од Бугарија, „Хабима„ од Израел и мн. други. Не помалку значајно е што на фестивалот „Охридско лето“ се претставија и голем дел на реномирани македонски уметници и ансамбли, истакна министерската за култура Елизабета Канческа Милевска на прес-јинференцијата по опвод претстојното „Охридско лето“. .
За годинешното издание на „Охридско лето“ подготвена е атрактивна, квалитетна и возбудлива програма со над 50 содржини, музички, драмски и балетски претстави, но и новитети со кои ќе се обидат да го задржат епитетот на високо реномиран евроспки фестивал. 
Во музичкиот дел програмата ја селектираше Ѓорги Цуцковски. Фестивалот ќе ја задржи сериозната музика како главен печат, но ќе понуди и жанровско збогатување, светски мега спектакли и ансамбли кои премиерно гостуваат на балканските простори. Покрај џез спектаклот за отворањето на фестивалот, се воведуваат и џез вечери, потоа гостувањето на Рок Симфони и Влатко Стефановски, како и ЕЛК Камерен оркестар од Кина. Фестивалската публика ќе има можност да проследи и настапи на домашни реномирани уметнички институиции и солисти (Оркестарот на Македонска филхармонија, Камерниот оркестар на МММ, виолинистите Блиерим Груби, Климент Тодоровски, Костадин Богдановски,…)
Програмата на Охридско лето годинава се соопштува три месеци пред почетокот на фестивалот, во интерес и во насока за што поголема домашна и меѓународна промоција, со цел потенцијалните туристи и гости од Европа и регионот кои ќе го посетат Охрид да бидат навремено запознаени со програмските содржини за да можат да ги проследат.
Според организаторите на фестивалот, годинава предвидена е и оф-програма со концерти и изложби која дополнително ќе биде соопштена.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *