Култура

Боб Дилан конечно ја прими Нобеловата награда за литература

Добитникот на Нобеловата награда за литература за 2016 година,  Боб Дилан ја прими  оваа престижна награда на приватна церемонија во Стокхолм. Ова врачување на наградата се случи три месеци по свеченото доделување. 11 декември 2016 година, на кое не присуствуваше американскиот музичар и поет. Нобеловиот медал и дипломата му биле врачени на Боб Дилан пред неговиот настап на претходно закажаниот концерт во истиот град. Како што пренесуваат агенциите, на церемонијата не била повикана и не присуствувала ниту една медиумска куќа.
Член на шведската Академија изјавил дека церемонијата поминала многу добро но и дека Боб Дилан оставил впечаток на „фин и љубезен човек“. Академијата пак претходно објави дека Дилан нема да го одржи традиционалното предавање коешто е обврзувачко за сите добитници и дека ќе испрати аудио снимка од своето предавање. Нобеловата награда за литература изнесува осум милиони шведски круни или 900 илјади американски долари, но Дилан може и да не го добие паричниот дел од наградата доколку до јуни годинава не го испрати своето предавање. 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *