Култура

Цвеклото е чувар на вашето здравје

Цвеклото е особено здрава намирница богата со витамини и минерали. Научниците имаат поминато доста време во спроведување на истражување за да дознаат повеќе за цвеклото и неговата необична комбинација на антиоксиданси. Цвеклото е зеленчук кој може да ви помогне да изгубите еден тон масти и има силни анти-канцерогени својства. Ако сакате да бидете здрави и крвта да ви биде јака, консумирајте сок од цвекло. Секојдневно пиење на сок од цвекло 15 дена го зајакнува имунитетот, работата на срцето, крвниот притисок и го намалува заморувањето.

Цвеклото е зеленчук кој изобилува со фолна киселина, јабоилкова киселина, оксална киселина, потоа витамини А, Б, Ц, ПП, Е, а од минерали  калциум, калиум, магнезиум, цинк, железо и други во помали количини.  особено се препорачува на бремените жени, а во него не смеат да се занемарат ниту антиоксидантите кои ги содржи, а кои го штитат организмот од влијанието на слободните радикали кои причинуваат многу болести и прерано стареење.

За специфичната боја на цвеклото е заслужен пигментот бетацијанин, кој се апсорбира во крвта и го зголемува протокот на кислород. Овој зеленчук содржи аминокиселина бетаин, која има анти-канцерогени својства.

Влакната кои ги содржи цвеклото можат да го намалат нивото на холестерол во крвта и до 40 %, да го нормализираат крвниот притисок, а редовното конзумирање може да го спречи и проширувањето не жените. Железото пак, кое е содржано во цвеклото го чисти организмот од токсини и придонесува за лечење на многу болести кои се предизвикани од токсините во нашето тело.

Сокот од цвекло ја стимулира работата на црниот дроб и ја спречува тврдата столица, а во комбинација со морковит е одличен лек за гихт, болести на бубрезите и жолчниот меур.

Анализите за влијанието на цвеклото на крвниот притисок покажуваат дека тој делува благотворно за стабилизирање, а доволна е една до две чаши на ден-

  •  Цвеклото содржи каротеноиди кои поволно влијаат на видот
  • Цвеклото спречува оштетување на клетките и ги елиминира слободните радикали од организмот и тоа благодарение на пигментот беталаин.
  • Цвеклото го зголемува нивото на железо во организмот. Покрај железото, овој зеленчук содржи и антиоксиданти кои го одржуваат нормално нивото на хемоглобин.
  • Сокот од цвекло ја зголемува енергијата и им се препорачува на лицата кои се занимаваат со спорт.
  • Само една чаша сок од цвекло на ден може да го регулира зголемениот притисок.
  • Цвеклото содржи магнезиум, па така, овој напиток им се препорачува на лицата изложени на стрес.
  • Доколку имате проблеми со варењето пијте го сокот од цвекло секој ден. Тој помага во варењето и ги чисти цревата.
  • Сокот од цвекло го зајакнува имунитетот, па така, организмот полесно ќе се избори со инфекциите.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *