Култура

Дури 15 проценти од луѓето не добиваат доволно витамин Б12

Витаминот Б12 е најмоќниот меѓу Б-витамините. Овој витамин помага во креирањето на ДНК, нервите и крвните клетки и е од клучно значење за здрав мозок и за имунолошкиот систем. Вашиот метаболизам нема да се одвива правилно без него. Но, Б12 не е како другите витамини. Тој се наоѓа само во производите од животинско потекло како јајца, месо, школки и млечни производи. Но, дури 15 проценти од луѓето не добиваат доволно витамин Б12, а најчесто овој процент се наоѓа меѓу вегетаријанците. Недостаток на витамин Б-12 значи да чувствуваш замор, да имаш  забрзано чукање на срцето, „магла“ во мозокот и некои други симптоми. Затоа, ако вашата исхрана главно се состои од растително  потекло, како овошје, зеленчук, грав, соја, тогаш сте потенцијален кандидат да бидете изложени на ризик од дефицит на Б-12.

Витаминот Б12 (цијанокобаламин) има многу важна улога во различни метаболитички и процеси на синтеза во организмот. Недостаток на овој витамин може да довдеде до појава на мегалобластна анемија или некои невролошки пореметувања. Витамин Б12, како и фолната киселина, се неопходни во човековата прехрана. Недостаток на еден од овие два витамина доведува до намалување на синтезата на ДНА. Овие промени најмногу се гледаат со ткивата каде што клетките брзо се делат, а тоа се коскената срж и епителот на гастроинтестиналниот тракт (ГИТ).

Богати извори на витамин Б12 се рибата, морските плодови, жолчката, млекото и ферментираните сирења. Месото е сиромашен извор на витамин Б12, но бубрезите, срцето се богати извори на овој витамин. Го нема во зеленчукот, но бактериите кои се наоѓаат на овошјето можат да бидат извор на витамин Б12 за вегетаријанците и веганите. Исто така, овој витамин го синтетизираат бактериите во колонот ( не може да го синтетизираат ни растенијата, ни животните), меѓутоа таму не може да се апсорбира, па затоа го внесуваме преку прехраната.

Витамин Б12 е неопходен за нормален раст и прехрана на сите клетки во организмот, за нормална еритропоеза, за регенерација на епителните клетки. Важен е за одржување на функцијата на миелинските обвивки на нервите, и потребен е и за клеточна делба. Секаде каде што клетките се делат, потребен е витамин Б12. Вклучен е, исто така, во процесот на синтеза на протеините, преку синтеза на аминокиселината метионин.  Недостатокот на витамин Б12  е многу редок, а се јавува најчесто кај вегетаријанците и веганите кои со години не конзумираат месо, јајца или млечни производи. Најчести причинители за недостаток на витамин Б12 се недостаток на внатрешен фактор (гликопротеин кој го лачат клетките на желудникот) и пернициозна анемија, парцијална или тотална гастректомија, малапсорпција, како и воспалителни цревни болести.

Дневната препорачана доза за витамин Б12 изнесува 2.4 µг за возрасни жени и мажи.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *