Култура

Кои намирници го поттикнуваат создавање на колагенот

За кожата да го задржи подолго младешкиот  изглед и еластичност, покрај соодветната нега, треба да се води сметка и за исхраната, односно да внесуваме намирници и нутритиенти  коишто го стимулираат производството на колаген, протеин кој заедно со кератин ја прави кожата еластична и цврста.

Една од намирниците којашто го стимулира производството на колаген во телото е зелката, полна со витамини А, Ц, Е, Б-комплекс витамини и многу антиоксиданси. Црвените овошја и зеленчукот исто така имаат позитивен ефект врз синтезата на колагенот. Тие се богати со ликопен – антиоксиданс кој ги штити од штетните ефекти на УВ зраци.
Авокадото е богата со витамин Е и омега-3 масни киселини, кои се клучни  во задржувањето на младешкиот изглед. Како одличен извор на омега-3 масни киселини се морската риба, ленот и чие семето.
Сојата и производите од соја,  содржи генистеин, кој го зголемува нивото на колаген и ги блокира ензимите кои ја стареат кожата. Секако треба да се внимава да не се увезени од САД, каде дури 98 проценти од светското производство на соја потекнува оттаму, които содржат генетски модификувани организми, и е класифицирана како генетски модофикувана храна, позната како  ГМО храна. 
За крај е битно да се спомене дека еден од најдобрите извори на витамин А  е морковот кој го регенерира колагенот, ја зголемува еластичноста на кожата и ја стимулира циркулацијата во површинскиот слој на кожата.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *