Култура

Концесии за ископи на злато во Гевгелиско е еднакво на био криминал

За да се извршат такви експлотациони зафати во светот, последиците се познати, а тоа е пустош на целата околија. Секој кој го тврди спротивното веројатно гледа еднострано а тоа е само свој и нечиј интерес. Самите експлозии со детонации и потреси на планината ќе предизвикаат: протерување или уништување на животинскиот свет, нарушување на животната хармонизација, трајно уништување или загадување на одделни подземни текови на вода која го снабдува јужниот сосед и околината на Гевгелија. Загадување на воздухот и надземните води, Уништување на голем број на ендемски реткости видливи или не, Тоа води кон уништување на земјоделските плодни земјишта, губење на традиционалното земјоделско стопанисување во таа околина, производство на штетна храна за граѓаните, трајно оштетување на морфологијата и геологијата со отворени т.н. инфекциски рани преку кои трајно ќе се загадуваат подземните води. Поради фактот што овој проект се наоѓа на заеднички планински венец со Грција, има реална можност и таму да се почувствуваат последиците од ваквите зафати.  Оттука сметам дека подземните води во Грција од кои се снабдува населението со вода постои можност да проаѓаат и под Кожув, север-југ. За реализација на еден ваков, не доволно совесен проект, треба да дадат согласност и Грците, во спротивно Македонија ќе се најде пред некој меѓународен суд а штетата би била непроценлива, којашто ќе треба да ја плаќаат и идните наши поколенија. Од друга страна, мештаните  веруваат дека токму таму се наоѓаат и подземни антички археолошки наоди кои можеби и тие се целта, така се сомневаат жители од Гевгелиско Валандовскиот крај. За рудниците за злато и ураниум се знаеше и за време на СФРЈ, но поради последиците за околината тие не беа отварани. За еден ваков мега еко криминал, духовно-моралната одговорност треба , сите ние да си ја носиме.

Фејсбук статус на ак. Стојан Велкоски, д-р по еколошки Науки 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *