Култура

Македонcката филхармонија ќе ги затвори 40. Денови на македонската музика

Со концертот на Македонската филхармонија во четврток, 13 април, ќе бидат затворени 40-тите Денови на македонска музика.  Kонцертот на Македонската филхармонија ќе се одржи во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот. Диригент е Крис Расман од Велика Британија, а солист Гал Фаганел – виолончело од Словенија/САД.

На концертот со кој ќе бидат затворени јубилејните 40-ти Денови на македонска музика ќе бидат изведени дела од неколку генерации македонски музички творци: Концертантна музика за виолончело и гудачи од Тома Прошев, третиот став од Симфонијата бр. 4 на Кирил Македонски, третиот став од Симфонијата бр. 7 „Пролет“ од Циклусот „Четири годишни времиња“ на Ристо Аврамовски, а премиерно во Македонија ќе прозвучи и симфониското дело „Небесен попречувач“ на младиот автор Мајкл Бакрнчев.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *