Култура

Освежете се со колач од кафе

Како замена за утринското кафе, или пак ако имате потреба од додатен кофеин, а треба и нешто да ставите во стомакот, ви препорачуваме колач со нес кафе. Брзо се прави, сите состојки се мешаат и се става да се пече колачот. Еве го рецептот:

  • 150 гр. мармалад од кајсии (или некој друг по желба)
  • 2 лажици нес кафе
  • 4 јајца
  • 200 гр. брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • малку сол
  • 1 прашок за печиво
  • 150 гр. шеќер
  • 4 лажици млеко
  • 100 гр. лешници

Прво се матат жолчките заедно со маргаринот, ванилиниот шеќер и шеќерот.  Матиме се додека не се растопи шеќерот. Ги мешаме млекото и нес кафето и ги додаваме во изматените жолчки. Одвоено ги матиме белките со малку сол. Изматените белки ги додаваме во садот со жолчките а потоа мешаме со лажица. Потоа го додаваме брашното и прашокот за печиво и мешаме со лажица. Тестото го ставем во калап, претходно намрстен, или пак обложен со хартија за печење, и го печеме 20-тина минути на температура од 200 степени. 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *