Култура

Отворена постхумната изложба „Собитија“ на Нове Франговски

Во Музејот на град Скопје, вчеравечер беше отворена постхумната изложба „Собитија“ на академскиот сликар Нове Франговски, на која се презентирани над 110 дела од авторовиот истоимен циклус. Делата Франговски ги создавал во последните 10 години, но не беа познати на пошироката публика.
Многубројна публика присуствуваше на отворањето на изложбата, на кое говореа Томислав Микулчиќ, в.д. директор на Музејот, историчарката на уметност, Викторија Васева-Димевска и Ана Франговска, кустос и ќерка на Нове Франговски.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *