Култура

Пронајдени ноти од Франц Шуберт, во едно поткровје во Виена

Во една куќа во Виена,  биле пронајдени нотите коишто го комплетираат делото, Симфонија бр 8 со наслов “Недовршени” од Франц Шуберт. Музиколозите од Виена го пронашле овој дел од музичкото дело  во едно поткровје на куќа што и претстои реновирање. Музиколозите и музичките научници  во изминатите векови се судрија со проблемот како да се заврши симфонијата број 8 од Шуберт, посебно третиот и четвртиот дел. Се мислеше дека делото е оставено недовршено поради смртта на композиторот во 1828 година.

Куќата во која беа пронајдени овие страници,  се наоѓа во делот Margareten,  во близина на Музејот Шуберт во Виена, каде што  композиторот ги поминал последните денови пред неговата смрт.

Д-р Stefan Hoecs од Музејот Шуберт го опиша ова откритие како “значајно во секој поглед.”

“Тоа е она што ние секогаш се надевавме дека ќе го  најдеме, но никогаш не сонувавме дека навистина би го нашле. Откривањето на овој партитури, што се  изненадувачки читлив документ од шест листови, оди во правец на некој начин, за решавање на еден од најголемите мистерии во историјата на музиката. “

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *