Култура

Сремуш или див лук, е моќен лек и вкусен зачин

Сремуш (див лук, мечкин лук, allium ursinum) е самоникната јадлива билка со исклучителна лековитост и широк спектар на делување. Спаѓа во 4 планетарни билки, а 1992 год. е прогласена за медицинска билка. Сремуш (див лук, мечкин лук, allium ursinum) е самоникната јадлива билка со исклучителна лековитост и широк спектар на делување. Спаѓа во 4 планетарни билки, а 1992 год. е прогласена за медицинска билка…

Ако сте љубител на лук, ќе го сакате дивиот лук (Allium ursinum), кој има многу посилен мирис, и може да се пронајде низ цела Европа. Сремушот содржи алицин, етерични масла, полисахариди. Младите листови содржат 20 до 50 милиграма витамин Ц и каротин. Консумирањето на ова растение во свежа форма ги апсорбира токсините и мастите во крвта, крвните садови, цревата и желудникот и ги отстранува од телото. Во форма на тинктура апсорбира масти и помага со чистење на телото од високиот износ на ЛДЛ холестерол. Идеален е за постарите луѓе, бидејќи ја подобрува функцијата на цревата,  лекува акутна и хронична дијареа, цревна мрзливост и запек.

Има корисен ефект врз уринарниот систем, се користи и како бања против дерматитис, егземи, хематоми и рани, но не се препорачува на бремени жени и доилки. Освен тоа, ја подобрува меморијата, помага со респираторни болести, спречува васкуларни заболувања, има благотворен ефект врз стомакот и цревата, помага при несоница и вртоглавица, го прочистува организмот, го подобрува изгледот на кожата и помага со остеопороза и артритис. Но, бидете претпазливи при бербата, бидејќи сремушот има отровни двојници: мразовец и чемерика. Овие растенија имаат сличен изглед, но миризбата им е значително поразлична. Ако не сте сигурни, консултирајте се со искусна личност.

Освен како лек, сремушот се користи и како зачин за зеленчук. Можете да подготвите салати, супи, сосови, песто. Најдобро е да се конзумира во свежа форма, бидејќи при процесот на сушење или готвење ги губи своите лековити својства. Исто така, има и една голема доблест, може да се чува во фрижидер 7-10 дена. Од свежите листови може да се направи сок, тинктура, вино и мед.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *