Култура

Вечерва свечено отворање на Меѓународниот саем на книга

Свеченото отворање на Меѓународниот саем на книга ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во Метрополис арената.  Годинава Меѓународниот саем на книгата ќе се одржи по 29. пат од 4 до 10 април, на кој ќе се претстават 80 издавачи со повеќе од 80 илјади книги и тоа од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. 

Скопски саем го организира саемот на книга во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албанските издавачи од Македонија. Покрај најголемите домашни издавачи, присутни на саемот на книгата ќе бидат и издавачи од Србија, Црна Гора и од Албанија, а Шведска ќе биде претставена преку својата Амбасада со штанд за промоција на литературата за деца.

„Саемот на книга традиционално и оваа година ќе обезбеди најголема концентрација на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста, а издавачите најавуваат попусти и до 70 отсто. Во седумте саемски дена ќе се реализираат повеќе од 60 промоции на нови дела и автори, дебати и трибини, како и доделување на награди. Новина оваа година е тоа што во Хала 2 ќе биде претставена литературата за деца и млади, при што во посебен дел ќе биде адаптирано Детско катче/игротека каде најмалите ќе можат да се едуцираат преку богатата програма на промоции на детски изданија, креативни работилници и други активности, истакна Сања Кондарко од Скопски саем, која потсети дека саемот на книгата е најголемата културна манифестација во Македонија и меѓу најпосетуваните саемски манифестации.

Саемот на книгата кај нас претставува концентрација на домашни и на странски издавачи од регионот и нуди избор за сечиј вкус и за сечиј џеб,  современа и класична литература, белетристика, научни изданија, учебници и енциклопедии, училишни помагала. Издавачите најавуваат пристапни цени и попусти до 70 проценти. Покрај штандовското претставување на издавачите, ќе има и богата програма на промоции на нови дела и автори. Најавени се шеесетина промоции во седумте саемски дена, а ќе има и трибини и дебати..

Новина годинава е што изложбено-продажниот дел на саемот е проширен и во втората хала ќе биде претставена литературата за деца и млади и ќе има детско едукативно катче (игротека). Саемот на книга го организира Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албанските издавачи од Македонија. 

Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *