Култура

Велигден различно се одбележува во различни земји

Најголемиот христијански празник Велигден, во различни земји, различмо се прославува. Така на пример, во Финска, децата се облечени како  мали вештерки и одат од врата на врата носејќи врбови гранчиња како благослов и заштита од лошите духови, се во замена за слатките задоволства.

grcija Грција

Славењето на Велигден во Грција вклучува многу храна, заедно со забавната игра на кршење на јајцето на „противникот“, а јагнешката чорба од изнутрици го означува прекинот на постењето

Kanarski ostrovi

На Канарските Острови Велигден се прославува со велигденска поворка, каде жените ја придружуваат фигурата на Исус во поворката која се движи низ улиците.

usa

Американците го одбележуваат Велигден на нивен посебен, новокомпониран начин. Ако не отидат на одмор, тогаш организираат ловење, односно собирање на јајца низ тревата.  Традиционално, Белата куќа е домаќин на играта на тркалање на сварените избоени јајца со дрвена лажица за готвење

VATICAN CITY, VATICAN - MAY 01: Ageneral view of St. Peter's Square during John Paul II Beatification Ceremony held by Pope Benedict XVI on May 1, 2011 in Vatican City, Vatican. The ceremony marking the beatification and the last stages of the process to elevate Pope John Paul II to sainthood was led by his successor Pope Benedict XI and attended by tens of thousands of pilgrims alongside heads of state and dignitaries. (Photo by Elisabetta Villa/Getty Images)

Италија – На Велики Петок во Рим, Папата одржува миса на која присуствуваат  огромен број верници на плоштадот Св. Петар

Mexico

Мексико

Палење на Јуда во саботата пред Велигден е голем спектакл во кој се спалува фигура на Јуда, проследено со огномет

kipar

Во Кипар за време на Велигден се пече кипарски велигденски леб, кој се пакува заедно со сирење, а се служи со слатки или солени додатоци

 

-Norway

Во Норвешка фокусот на одбележување на Велигден не се јајца,  туку тоа е одморот со некој добар криминален роман.  Во оваа земја Велигден е празник на крими-романите, па издавачите прават посебни крими изданија

L'omelette géante à Saint Aubin !!!

Франција. Повеќе од 4 500 јајца се употребуват за огромен омлет, кој може да нахрани 1 000 луѓе. Традицијата потекнува од еден историски настан, кога Наполеон со својата војска се шета во еден предел на Јужна Франција. Тој застанува на едно место, каде му приготвуваат омлет. Воодушевен од вкусот, тој порачува гигантски омлет за следниот ден, за целата негова војска.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *