Култура

Витаминот Б-5 е заслужен за здрава кожа, коса и очи

Витамин Б5, или пантотенска киселина, е еден од најважните витамини за човечкиот живот: помага во создавање на крвни клетки и помага во конвертирање на изедената храна во енергија. 

Витаминот Б5 е еден од осумте Б- витамини. Сите Б- витамини ви помогаат во конвертирање на протеини, јаглени хидрати и масти во енергија. Исто така,  витаминот Б-5 е потребен за:

  • здрава кожа, коса и очи
  • правилно функционирање на нервниот систем и црниот дроб
  • здрав дигестивен тракт
  • создавање на  црвените крвни зрнца, кои го носат кислородот низ телото
  • сексот и стресот поврзани хормони во надбубрежните жлезди

Пантотенската киселина или витамин Б5,  пспаѓа во групата на Б -витамини. При нормална прехрана кај човекот не е позната појава на хиповитаминоза, затоа што ја има во скоро сите намирници. Претставува составен дел на коензимот А кој има важна улога во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините. Постои во две форми:  чиста пантотенска киселина и нејзината калциумова сол –  калциум пантотенат. Пантотенатот помага во регулирање на високото ниво на холестерол и триглицеридите во крвта, додека пак  пантотенската киселина помага во третман на ревматоиден артритис и во спречувањето на појава на акни.

Природни извори на витамин Б5 се : месото, мешункастите плодови, јајцата, црниот дроб, темното пилешко и мисиркино месо, овошјето и зеленчукот, печурките, лососот, оревите, компирот, пченката, кикириките, квасецот и друго. Пантотенската киселина која се наоѓа во лосиони и креми ја ублажува болката од изгореници, исеченици,  гребаници, и исто така го намалува воспалението на кожата и го забрзува заздравувањето на раните. Недостатокот на витамин Б5 е многу редок, затоа што е присутен во скоро сите намирници. Симптомите при недостаток на витамин Б-5  се:: повраќање, нервоза, абдоминална болка, мускулни грчеви, инфекција на горните респираторни органи и друго.

Дневна препорачана доза за витамн Б5 е 4 – 7 мг за возрасни и адолесценти, и 3 – 4 мг за деца. Овие количини можат да се внесат во организмот со правилна прехрана. Зголемени количини на пантотенска киселина се потребни кај трудниците и алкохоличарите. Преголеми количини на овој витамин можат да бидат штетни за мајката и фетусот. Не постои податок за хипервитаминоза и токсично делување на пантотенската киселина.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *