Култура

Зголемениот крвен притисок е тивок убиец – симнете го со едноставен трик

Многубројните промени на срцето и крвните садови влијаат на појава на хипертензија. Зголемениот крвен притисок е без симптоми, а многу е штетен за нашето здравје. Го зголемува ризикот од срцев удар, (инфаркт), мозочен удар, проширување на артерии, оштетување на бубрези и оштетување на крвни садови и очите. Високиот крвен притисок затоа и се нарекува „тивок убиец“, бидејќи со години не предизвикува никакви проблеми, но ги оштетува виталните органи и нивната функција. Она што треба да го знаете е дека во различни периоди од животот варира и крвниот притисок, како и во текот на еден ден.

Кај речиси 90 проценти од луѓето, причините за високиот крвен притисок се непознати, но лошите навики можат да влијаат на неговата појава. Седечкиот начин на живот, стрес, алкохол, конзумирање на мрсна и солена храна, имаат големо влијание за појава на висок крвен притисок.

Постои истражување кое покажува дека стресот доведува до појава на висок крвен притисок, бидејќи во стресните состојби во телото се активираат биохемиски процеси кои доведуваат до стегање на крвните садови.

Како да препознаете дека имате повишен крвен притисок?

Може со години да функционирате со зголемен крвен притисок, а да не сте свесни за тоа. И додека вие не се сомневате што ве мачи, хипертензијата низ годините, може да ви ги оштети бубрезите, срцето, мозокот и да ви направи голема штета врз здравјето. Многумина откриваат дека имаат висок крвен притисок кога ќе ги добијат симптомите на главоболка во тилот, вртоглавица, замор, поспаност, зуење во ушите, нестабилност во одење. Може да се јави и заматување на видот, болки во градите, болки на левата страна на вратот или левата рака и силно лупање на срцето.

Ако се сомневате дека се работи за висок крвен притисок, тогаш изедете малку лук или голтнете цимет во прав. Овие две намирници моментално го симнуваат високиот притисок, но секако дека треба да посетите лекар.

Подобро е да се спречи, отколку да се лечи. Затоа редовно проверувајте го крвниот притисок, особено ако не се движите доволно, ако сте под стрес или нездраво се храните.   

Автор:

Слични статии