Култура

„Кој ќе го закопа последниот битолчанец!?“

Фотоалбумот со наслов „Кој ќе го закопа последниот битолчанец!?“ е идеа на Никола Шиндре, кој го посветил на мајка му, татко му, баба му, стрико му, вујна му и сите други кои биле, се или ќе бидат болни од рак.

Овој фотоалбум е настанат во зградата на стариот Офицерски дом во Битола. Целта е да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено за енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ којшто што е причина за многубројноста на болните од карцином.

Во Битола и околината има регистрирано над 4.000 луѓе кои боледуваат од карцином (самиот град има околу 60.000 жители), а главната причина за тоа е непоставувањето на филтри од страна на РЕК Битола, незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и немањето на силно граѓанско општество кое ќе стави крај на сите овие прашања.

Ова мора да се сопре, јас кревам глас за оние кои не можат да станат и гласно да викаат за своите права и одземеното човеково достоинство. Повеќе не смееме да дозволиме да ни се случува еколошки геноцид заради хировите и каприците на поединци.

Руината од Офицерскиот дом што стана таков заради негрижата на институциите од централно и локално ниво ги споредува со руината во општеството, со грижата за здравјето на луѓето и условите во кои се лечат. Пораката на Никола Шиндре  е гласно да се зборува за проблемите со кои се соочуваме во ова општество, зашто само така ќе можеме да се избориме за нивно решение. 

Фотоалбумот  го крева гласот место болните кои не можат гда се борат за своите права и одземеното човечко достоинство. Тој смета дека еден од предизвикувачите на оваа болест е токму загадувањето што го прави комбинатот РЕК „Битола“ кој се наоѓа во непосредна близина на градот.  Последните податоци од истражувањето „ТЕРА МЕД“ покажаа дека прашината што се шири од пепелта е канцерогена и дека воздухот е загаден со тешки метали . Филтрите пак,  РЕК допрва ќе ги реконструира за да може да се намали емитувањето на ПМ10 честички во воздухот.

Никола Шиндре е битолчанец кој студира во Скопје. Веќе неколку години  е НВО активист кој се бори за подобри услови за лекување на болните од рак, за решавање на еколошките проблеми, за правата на маргинализираните заедници. Никола смета дека со ова ќе ги поттикне своите сограѓани, а посебно помладите битолчани поактивно да се вклучат во борбата за здрава животна средина и подобри услови за лекување на болните од рак.

Автор:

Слични статии