Култура

Медитација – древен лек за болестите на модерното време

Медитацијата постои од кога постои човекот. Таа е составна компонента на сите  религии и култури на Земјата. Нејзиното благотворно делување на умот и телото  овозможува да ја прошириме нашата перцепција и подобро да дејствуваме во секојдневниот живот.

Со медитацијата можеме да се справиме со стресот и да се избориме со негативните емоции. 

Научно е докажано дека медитацијата може да го зајакне умот,  да го подобри здравјето на невроните,  да ја зголеми интелигенцијата и среќата.  

Сите нас не мачат едни исти проблеми: депресија, лутење, љубомора, омраза, неможност да се остварат желбите…

Медитацијата е универзален  вселенски лек кој помага да се решат сите овие проблеми и да се искусат среќата и задоволството.

Ефикасна заштита од стрес

На сите ни е познат зборот стрес, но она што не го знаеме е дека стресот е причина за дури 75 проценти од болестите  и 50 проценти од смртните случаи.

Со прекомерното изложување на стресот, го оштетуваме хипоталамусот, го оптеретуваме нервниот, ендокриниот систем и крвните садови.

Медитацијата смирува, го дава чувството на задоволство, го поттикнува личниот развој, напредок и креативност, ја подобрува способноста на прилагодување и прифаќање. Токму затоа, медитацијата е најдобар начин на спротивставување на секојдневниот стрес.

Медитацијата го подмладува вашиот мозок

Познато е дека човекот користи само 5 до 10 проценти од својот мозок. Додека останатиот дел од мозокот останува неискористен и успиен.

Скенирањето на мозокот покажало дека луѓето кои медитираат ја зголемуваат густината  на деловите на мозокот кои се задолжени за внимание и анализа.  Медитацијата исто така го  успорува процесот на стареење на мозокот, што е многу битно , бидејќи тој со време се истенчува и мисловните процеси слабеат. Медитацијата ги потикнува невроните во нивната функција за создавање на импулси, врски и процес на мислење. Медитацијата го прочистува мозокот и умствените процеси, поттикнувајќи ја подобрата организација, побрзо учење и ја подобрува концентрацијата. Затоа таа е практична техника за секого.

  • Влијание на медитацијата на психологијата кај човекот:
  • Ослободува од депресија и го зголемува чувството на задоволство
  • Ја изградува личноста и го зголемува менталниот потенцијал
  • Ја подобрува способноста на учење, запазување и памтење
  • Ја зголемува интелигенцијата, креативноста и концентрацијара
  • Ја јакне самодовербата
  • Ја развива личноста и помага да се ослободи од лошите навики

 Бидете среќна и исполнета личност

Големите личности како Ван Гог, Моцарт, Бах имале јасна и чиста перцепција, тие максимално го користеле својот потенцијал и условите во кои живееле.  На пример кога ќе го измиете убаво огледалото па се изгледа појасно, така и со медитацијата  добивате појасна перцепција во секојдневните активности. Целта на медитацијата и различните техники на дишење е всушност тоа: личноста да биде среќна, исполнета, креативна и да го оствари својот ментален потенцијал во целост.  

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *