Култура

Оф Фест годинава ja соединува источната и западната традиција

Шестото издание на Оф Фест годинава ќе се одржи од 25-28 мај во Скопје, со програма којашто вклучува актуелни и квалитетни музички имиња од светот. Оваа година со најголем број на изведувачи кои доаѓаат од Босна, Македонија, Италија, Португалија, Естонија, Кореја, Данска, тука се современите фолк интерпретатори на револуционерниот циклус песни – Бела Чао и големата нова фадо ѕвезда – Жизела Жоао.  Авангардните и автентични – Блек Стринг и минимализмот на мистичната виолинистка – Марја Нут заедно со Хендрик Каљујарв.

Македонската публика повторно ќе може да ужива во веселите звуци од Африка, но и во мистичните звуци од Далечниот Исток. Покрај групите од Азија и од Африка, традиционално тука ќе биде и португалското фадо, потоа модерниот скандинавски звук, забавните Италијанци, како и нашите „Љубојна“

Полноќниот сет на моментално најкреативното ди-џеј дуо Ден Сорте Сколе ги поместува сите музички хоризонти. Глитербит рекордс ги претставува длабоките и моќни афро корени на Кинг Ајисоба и електризираниот вокал на Нура Минт Сејмали. Првата и втората вечер, на 25 и 26 мај, концертите ќе се одржат во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот. Третата и четвртата вечер на 27 и 28 мај, концертите ќе се одржат во Младинскиот културен центар, во дансинг салата со почеток во 20:30 часот. Исклучок е само еден полноќен концерт во третата вечер, 27 мај, кој ќе се одржи во Станица 26 со почеток во 00:30. На програмата е и видео шроекцијата на документарниот филм – “Every song has its end”, во кино Фросина во МКЦ, на 28 мај со почеток во 19:00 часот.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *