Култура

Роџер Мур, ѕвездата Џемс бонд, почина на 89 години

Роџер Мур, згодниот англиски актер, кој се појави во седум филмови како Џемс Бонд, почина во швајцарска болмица, по кратката битка со канцер, објави неговото семејство. Мур го портретираше Бонд во дури седум филмови меѓу кои Live and Let Die и Тhe Spy Who Loved Me. Мур почина во Швајцарија по кратка битка со рак. Неговото семејство објави на Твитер дека последните денови од неговиот живот бил под постојана прегратка на неговото потесно семејство. Роџер Мур е роден на 14.октомври 1927 година во Стоквел, Лондонд како син единец на Лилијан и Џорџ Алфред Мур. Во 1999 година стана почесен командант на Британската империја и прогласен за почесен витез. Во 2008 година, ја доби својата ѕвезда на Патеката на славните за неговиот придонес во филмската индустрија. Во 2012 година во ноември, стана почесен Доктор на уметноста за неговиот придонес во британската кинематографија.

Автор: