Култура

Руса трева е билка моќна како антибиотик

Русата трева го спреќува размножувањето на бактерии, ги уништува брадавиците, го чисти црниот дроб…Во портокаловиот сок кај оваа билка се наоѓаат различни алкалоиди од кои некои се сродни со опиумот на афионот. Најбогат со алкалоиди е коренот (38%), додека во стеблото се наоѓаат помалку – до 1%. поради присуство на голема количина на алкалоиди многу фитотерапевти ја сметаат оваа билка за отровна и затоа се препорачува нејзино прецизно дозирано користење. 

  • Русата трева се користи за лечење на:
  • болест на црниот дроб – хепатит
  • делува на бактерии, особено на грам позитивните
  • има цитостатично дејство и затоа нејзиниот сок се користи за отстранување на брадавици, лишаи, егземи, 
  • тумори и промени на женски полни органи – тумори, миоми, воспаленија, рани, како чај и средство за миење
  • жолчка
  • хемороиди
  • стеснување на крвните садови
  • ја прочистува крвта
  • полипи
  • бубрези и уринарен тракт
  • превенција од астма

 

 

Русата трева е долгогодишна зелјеста билка која расте насекаде како плевел. Кога свежата билка ќе се исече, од неа истекува портокалов сок. Неговата лутина и горчина одамна го привлекле вниманието на фитотерапевтите и поради тоа се користи за превенција од различни болести од дамнешни времиња до денес.Билката, односно нејзиниот сок, содржи смоли, етерични масла и десетина алкалоиди (хелидонин, хомохелидонин, хелеритрин, сангвинарин и др.). Хелидонинот е главен алкалоид којшто дејствува седативно, слично како папаверинот. Хелеритринот има локално надразнувачко дејство. Сангвинариновите соли се црвено обоени, ја подобруваат перисталтиката на цревата и го стимулираат лачењето плунка. Русата, во комбинација со подабиче, нане, маточина и петровец, се користи за подобрување на функцијата на црниот дроб.

Исто така, оваа билка се користи и за превенција од астма и за подобрување на функцијата на органите за варење. Во овие случаи најдобро е да се користи еднокомпонентен чај од билката, подготвен како топол напиток со попарување со врела вода (инфуз), или да се подготви смеса од еднакви делови руса, подбел и петровец.

Билната мешавина од еднакви делови руса, линцура, глуварче и водопија помага за подобро функционирање на жолчката и на жолчните патишта. Слично дејство, за смирување на воспалението на жолчните патишта, има и мешавината од руса со црвен кантарион, нане и смил.

.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *