Култура

Згасна животот на Зоран Маџиров (1968-2017)

По седум месеци во кома, почина македонскиот музичар Зоран Маџиров, кој на 7 октомври 2016 доживеа тешка сообраќајна несреќа.  Музичарот на почетокот на октомври минатата година беше тешко повреден во страотна сообраќајна незгода на магистралниот пат А-4 Штип – Радовиш во насока на движење кон Радовиш. . Во коматозна состојба, Маџиров бил префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се бореле за неговиот живот. Зоран Маџиров со својот автомобил се судрил при разминување со влекач „даф“. Неколку месеци беше во коматозна состојба, а лекраите се бореа за неговиот живот. Маџиров беше познат како „Bottleman“, музичар-волшебник кој свири на шишиња. Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започнал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Маџиров настапувал на сите познати светски телевизии и медиуми, како Си-Ен-Ен, Фокс, Еј-Би-Си, АРД, Зе-Де-Еф, ТВ5, РАИ, а значајни се и неговите настапи на Олимписките игри во Барселона и Атланта, на Експо во Севиља и во Еуро Дизни во Париз.

Познатиот водител Лари Кинг прв го нарече – Ботлмен.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *