Култура

Како да направиш природна крема за сончање

Многу едноставно можете да си направите сами крема за сончање, којашто ќе биде потполно здрава и природна заштита од сонцето. Со ваква крема ке се намали ризикот од меланом и други заболувања кои се поврзуваат со користење на индустриските креми и лосиони за сончање. Главни состојки за домашните креми за сончање се природни масла кои содржат висок заштитен фактор: масло од семки од морков, чилеански лешник, макадамија, јојобино, маслиново, кокосово и бадемово масло и карита путер. Овие природни креми и лосиони за сончање, вклучувааѕ и природен восок и витамин Е.

Фактор на заштита на одделни масла и неговите заштитни својства


Масло од семки на морков – штити од слободни радикали и има силни антисептички својства


SPF 38-40
Масло од малина – обилува со омега -3 масни киселини и превенира појава на флеки на кожа


SPF 25-50
Масло од чилеански лешник – го спречува стареењето на кожата, брзо се впива, штити од УВА и УВБ зраци


SPF 10-30
Масло од авокадо – создава заштитен слој на кожа кој спречува црвенило


SPF 15
Кокосово масло – ја штити косата и кожата од оштетувања предизвикани од сонцето


SPF 8
Бадемово масло – содржи Е-витамин кој ја прави кожата нежна и мека


SPF 5
Масло од јојоба


 SPF 4-6
Маслиново масло


SPF 4-8
Карита путер


 SPF 4-6

 

Полезноста на пчелиниот восок и цинковиот оксид

Во кремата за сончање можете да додадете природен восок кој ја дава потребната густина на кремата и има висока водоотпорни својства. Тоа значи дека кремата нема да морате да ја нанесувате често пати ако се потите или често влегувате во вода.

Цинковиот оксид е минерал добиен од цинкот и кој овозможува заштита од УВЗ и УВБ зраци. —– Се додава од 5 до 20 проценти на цинков оксид, при што 20 проценти овоз,ожува највисока заштита од штетните влијанија на сонцето.

Притоа не користете го цинковиот оксид во нано честици, кој е содржан во куповните креми и лосиони за сончање и кој докажано продира во клетките и ја оштетува ваѓата ДНК. Најдете го во друг облик. Но секако внимавајте да не го вдишете во додавање при изработката на вашите креми.

Рецепти за природни креми

Крема за сончање со масло од малина

Состојки:

  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 30 грама пчелин восок
  • 2 супени лажици карита или какао путер
  • 20 капки масло од семе од морков
  • 1 супена лажица масло од семе од малина
  • 1 супена лажица масло од витамин Е

Подготовка:

На пареа во посебен сад стопете го восокот,  кокосовото масло и карита или какао путер. Тргнете го од оган и оставете го малку да се излади.

Крема за сончање со кокосово масло (SPF 30)

  • 1/8 филџан природен восок
  • ¼ филџан карита путер
  • ¼ филџан кокосово масло
  • 2 супени лажици цинков оксид во прав

Подготовка:

Во сад на пареа стопете го восокот, путерот и маслото. Тргнете од оган и додадете го цинковиот оксид. Измиксирајте ја смесата за да се соедини цинковиот оксид. Кога смесата ќе биде хомогена ставете ја во стаклена тегличка, која ќе ви биде практична за носење на плажа. По желба можете да додадете и малку масло од чиленаски чешник, којшто има висок фактор на заштита од УВ зрачење, брзо се упива во кожата и е погоден за сите типови на кожа.

Крема за сончање со масло од кајсии (SPF 20)

  • 90 грама кокосово масло
  • 65 грама масло од кајсија, бадем или јојоба
  • 28 грама восок од пчели – природен восок
  • 27 грама карита путер
  • 40 грама цинков оксид
  • ½ супена лажица витамин Е во масло

Подготовка:

Во стаклен сад ставите ги сите состојки, освен цинков оксид и садот ставете го во друг сад со вода. На умерена температура стопете ги сите состојки, мешајќи со жица за матење. На крај додадете го цинковиот оксид, внимавајте да не го вдишете. Мешајте за да добиете еднолична смеса.

Зошто треба да се избегнуваат индустриските креми за сончање

Меланом најчесто се јавува во земјите каде најчесто се користат индустриските креми за сончање.  Кога на кожата се нанесуваат ваквите креми или лосиони, се оневозможува синтезата на сончевиот Д-витамин во организмот. Недостаток на овој витамин, се доведува во врска со облици на канцер, како што е на канцер на града.

Куповните креми за сончање ја штитат кожата од УВБ, но не и од УВА зрачење. Тие исто така содржат повеќе опасни состојки меѓу кои:

Оксибензон – застапен е во повеќе пд 65 проценти од кремите, а во телото се однесува каок естроген па прави дисбаланс на хормоните.

Ретинол-палмитат – облик на А – витамин којшто во кремите се користи како стабилизатор, а кој е всушност штетен за кожата.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *