Култура

Американскиот режисер Роберт Вилсон ќе режира во МНТ

Американскиот режисер Роберт Вилсон,  ќе ја постави светската премиера на драмското дело „Кој е сопственик на светот” од Јордан Плевнеш, на сцената на Македонскиот народен театар. Проектот е меѓународен, а премиерата се планира наредната сезона. Се планира претставата да биде изведена на повеќе сцени во САД и во Европа.  Минатат година во септември, овој познат режисер кој се смета за едно од најголемите имиња на светскиот театар денес престојуваше во Скопје, кога му беше доделена титулата почесен доктор на науки,  (Doctor Honoris Causa) , од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје.  По тој повод во Македонскиот народен театар се одржа прогласувањето на кое одржа беседа ректорот на ЕФТА, Јордан Плевнеш.

Инаку, на овој меѓународен проект учествуваат: уметничкиот центар на Вилсон, „Вотермил“ од Њујорк,  уметничката фондација Национален театар и опера од Монако и Македонскиот народен театар. Од МНТ ќе  учествуваат шест актери, кои ќе бидат одредени на аудиција како и композиторот Горан Трајкоск, скулпторот Жарко Башески.

Роберт Вилсон со експерименталниот театар го гради неговиот препознатливиот стил како режисер и драматург, кој медиумите го опишуваат како „непрефинетиот авангарден театар” во светот.  Во  својата кариера Вилсон работел како кореограф, изведувач, сликар, скулптор, видеоартист и дизајнер на звук и осветлување.

Познат е по своите соработки со Филип Глас, Хајнер Милер, Вилијам С. Бароуз, Ален Гинзберг, Лу Рид, Том Вејтс, Дејвид Брн, Лори Андерсон, Гевин Бриарс, Руф Вајнрајт, Марина Абрамович, Вилем Дафо, Михаил Баришников, Дарил Пинкни и Лејди Гага.

 

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *