Култура

Формиран Совет за култура – стручно и советодавно тело на министерот за култура

Со одлука на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски се формираше  Советот за култура, како стручно и советодавно тело на министерот за култура. За членови на Советот се избрани Ѓунер Исмаил, професор по филозофија, назначен за претседател на Советот, проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Петар Арсовски, дипломиран актер, проф. д-р Маја Бојаџиевска, редовен професор на Филолошкиот факултет при УКИМ, проф. д-р Владимир Милчин, редовен професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ (во пензија), Рамадан Рамадани, доц. д-р по историја на отоманскиот период, Соња Абаџиева, историчар на уметноста и критичар, м-р Решат Амети, редовен професор и академски сликар, Дијана Тоска, м-р по дипломатија, м-р Гена Теодосиевска, новинар и филмски критичар; проф. д-р Бајрам Чупи, вонреден професор на Музичкиот факултет при Универзитетот во Тетово, м-р Весна Илкова-Гиновска, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност при УКИМ и првенец при операта на МОБ, и Селам Сулејмани, професор по албански јазик и литература.  Од Министерството велат дека членовите се истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, а се избрани по принципот на компетентност и на соодветна и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници. 

Според Законот за културата, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност, а се свикува по барање на министерот. Членовите на Советот се избираат за време на мандатот на министерот за култура, со времетраење од најмногу две години.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *