Култура

Брезата е еден од најмоќните диуретици и одлична за исфрлање на каменчиња од бубрезите

Постојат две врсти на бреза: бела или обична бреза и цветна или северна бреза. Во фитотерапијата и двата вида на бреза имаат еднаква вредност и примена. Брезата (betula pendula) е билка со тенки, витки гранчиња и бела мазна кора, која може да се лупи на листови. Безата бреза расне од 10 до 25 метра во височина. Цветните реси се долги 3-4  см, а се развиваат заедно со лисјата. За лек се собира сокот, ресите, листовите и кората. Лисјата се бераат во пролет, кога се млади и потполно развиени, но може и подоцна. Тие имаат специфичен мирис и горчлив вкус. Лисјата треба да се сушат на ладно и проветрено место, а никако на сонце. Брезовите лисја содржат околу 8% танин, околу 8% шеќери, малку етерично масло, смола, горчливи материи, сапонозиди и друго. Сокот се вади кон крајот на февруари и во март, додека кората се собира во пролет и есен.

Брезата е една од најдобрите диуретични билки, со многу јако дејство. Од пупките и листовите на брезата се припрема чај, кој е еден од најдобрите природни диуретици. Тој помага во исфрлање на вишокот на водата од организмот, помага во намалување на отоците кои се јавуваат поради слабост на срцето или заболувања на бубрезите. Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите а со тоа и елиминација на водата од организмот, помага и во исфрлање на штетните отрови од телото. Затоа брезата е природен „чистач“ на организмот. Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта. 

Чајот од лисјата на бреза не треба често да се пие, бидејќи има и други лековити билки со слично дејство во поглед на излачувањето на урината, но тој посебно се препорачува за растварање на бубрежните каменчиња и за нивно побезболно исфрлање.

Брезовите лисја се користат многу успешно и за лекување на кожни заболувања, лишаи, ги отстранува белковините од урината, ја исфрла кислеината од организмот, па се користи како природен лек за грозница, ревматски заболувања и водена болест.  Во пролет, кога ќе почнат да циркулираат соковите, се прави дупка во брезовото стебло. Потоа дупката се затвара со дрвен клинец. Од едно стебло може дневно да се собере околу 4- 5 литри сок, а околу 170 литри во сезона. Честото бушење на едно исто стебло штетно делува на дрвото, му се намалува отпорноста према габичните инфекции. Брезовиот сок е богат со шеќер, па доколку го загреваме до вриење, се добива брезово вино.

Сокот и виното од бреза се одличен природен лек за лекување на артеросклероза, гојазност, бубрежни каменчиња и други бубрежни заболувања.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *