Култура

Едноноќна групна изложба на четири странски уметници

Здружението за современа интердисциплинарна уметност и еколошки развој, Брашнар креатив проект, (Brashnar  Creative Project),  nа 24 август во четврток,  од 19 часот па се до полноќ, ќе ги претстави интернационалните уметници од Мексико, Јапонија, Канада и Австрија со изложба на која ќе  бидат претставени нивните дела настанати за време на нивниот  престој во Скопје. Уметничките дела ќе бидат изложени во нивните работилници-ателјеа, за време на нивниот едномесечен престој во  главниот град, во просториите на ова Здружение што се наоѓа во населбата Хром на улица „Панко Брашнаров“ број 17. Уметницата Милена Пена, (Melina Pena) од Мексико, ќе се претстави со скулптури и видео перформанс, Јурико Сасаока, (Yuriko Sasaoka) од Јапонија работеше на видео колаж и цртежи, Бернадет Ламбор, (Bernadette Laimbauer) од Австрија  ќе изведе перформанс и Наѓмех Шарифи, (Naghmeh Sharifi) од Канада ке се претстави со цртежи. 

Здружението Brashnar  Creative Project Ве поканува да присуствувате на едноноќната групна изложба на дела настанати и инспирирани од локалната средина и култура. 

 

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *