Култура

Фестивалски туризам

Кога станува збор за фестивалскиот туризам, најпожелни дестинации се Шпанија и Португалија, на фестивали во странство најчесто патуваат Британците и Германците, а фестивалските туристи се најмлади од кога било досега – дури 67 отсто се на возраст помеѓу 21 до 30 години. До 2020 година вредноста на фестивалскиот пазар двојно ќе се зголеми. Ова се резултатите од истражувањето што го спроведе Festicet на примерок од 200 илјади посетители на фестивали од 30 различни држави. Испитаниците биле на возраст од 16 до 40 години и минатата година посетиле барем еден музички фестивал.

Festicet е британска агенција за продажба на фестивалски билети, основана во 2011 година, која денес работи со повеќе од илјада фестивали во 50 земји. Тие нудат и организација на патувањето и сместувањето, а имаат и сопствено музичко интернет списание.

Ефтини летови

Само пред десетина години, музичкиот туризам беше непознат термин. Фестивалите профитираа од развојот на „low cost“ авиопревозниците и евтините летови помеѓу бројните европски дестинацииСамо пред десетина години, музичкиот туризам беше непознат термин. Фестивалите профитираа од развојот на „low cost“ авиопревозниците и евтините летови помеѓу бројните европски дестинации, што ја објаснува и големата популарност на подалечните дестинации како Португалија и Шпанија. Меѓу првите десет се наоѓаат и нетипични фестивалски дестинации како што се Норвешка, Исланд и Латвија, а интересен е примерот на Исланд: тамошниот фестивал „Iceland Airwaves“ во 1999 година го иницираше исландската авиокомпанија Icelandair со идеја, на крајот на туристичката сезона, да се направи музички настан во Рејкјавик, во неделата кога традиционално опаѓа бројот на туристи. Нивната цел била да ја продолжат сезоната и да продадат повеќе авио карти.

Повеќето посетители на фестивали своите патувања ги планираат однапред, бидејќи големите фестивал денес своите изведувачи ги објавуваат и до шест месеци пред почетокот на манифестацијата, па оттаму и до 50 отсто од посетителите ги букираат своите летови, во просек три месеци однапред. Се разбира, тогаш се поповолни и фестивалските влезници, повеќето фестивали имаат нешто што се нарекува „early bird“ контингент, односно влезници што се продаваат многу порано од настанот.

Конзументите на фестивалите често ги спојуваат посетата на музичкиот настан со уште неколку дена престој во некој град. Во странство просечно трошат по 250 евра. Најчесто спијат во хостели и во приватно сместување.

 

Корисничка содржина

Во последните неколку години во Хрватска, особено во приморските градови, никнаа голем број фестивали, а меѓу нив најголем е „Ultra“ заради кој Сплит се најде на врвот на списокот на најтренди дестинации од хрватските градови. На трето место на списокот се наоѓа и Новалја, која својата популарност му ја должи на фестивалот во Зрќе и одамна се нарекува „хрватската Ибица“. Возрасната група што најмногу ги посетува фестивалите се тнр. милениумци, односно оние што се родени помеѓу 1980 и 2000 година. Милениумците се најважната демографска група во денешниот туризам и помагаат да се дефинираат трендовите во наредните децении. А бидејќи тие пораснале во дигитална ера, за нив најважни опции се онлајн резервациите, но и онлајн рецензиите и она што го нарекуваме содржина генерирана од корисниците. Станува збор за содржина што ја создале и споделиле самите корисници, а може да биде во форма на фотографија, видео, подкаст, блогови, постови, статуси, твитови, пинови, расправи на форумите и сл.

најважна е понудата на ВИП пакети што вклучуваат влезници, сезонски пропусници, односно разновиден избор на опции: брз влез на настанот, пристап во бекстејџот, врвна понуда на храна и пијалаци, па дури и ВИП тоалетите се дел од растечката побарувачка за поголем комфор на фестивалитеМеѓу трендовите што ги опшшува „Eventbrite“, исто така платформа преку која се продаваат карти за фестивали и која организира настани, најважна е понудата на ВИП пакети што вклучуваат влезници, сезонски пропусници, односно разновиден избор на опции: брз влез на настанот, пристап во бекстејџот, врвна понуда на храна и пијалаци, па дури и ВИП тоалетите се дел од растечката побарувачка за поголем комфор на фестивалите. Десет отсто од сите продадени влезници се оние со предзнакот ВИП, а тие генерираат 25 отсто од приходот.

Втор загадочен тренд е тоа што хибридните фестивали, значи оние што не нудат само музика, привлекуваат повеќе публика, но и повеќе спонзори. Третиот тренд се социјалните мрежи: 65 отсто од сите посетители на фестивалите веднаш објавуваат постови или твитови во живо од самиот фестивал, 56 отсто корисници веднаш ставаат и фотографии од настанот, 31 отсто пишуваат за своето искуство.

Но, социјалните мрежи не ги користат само посетителите, туку и организаторите на фестивалите: Дејвид Торебланк, главниот букер на швајцарскиот Монтре џез фестивал, бил еден од првите обожаватели на Лана Дел Реј и ја контактирал преку Фејсбук, кадешто тогаш имала едвај илјада пријатели. Тој ја ангажирал за настап во 2016 година за прилично скромен хонорар, а кога дошло времето да настапи во Монтре веќе била ѕвезда со четири албуми и со повеќе од 12 милиони пријатели на Фејсбук.

 Работа и задоволство

Четвртиот тренд се жените што патуваат сами. Според истражувањето на интернет страницата за резервација на сместување Booking.com од 2014 година, 72 отсто Американки тргнале на соло патување и тоа дури три или повеќе пати. Истото истражување покажува дека во 2016 година овој тренд пораснал за дури 230 отсто.

Петтиот тренд е спојувањето на работата со задоволството, за што на англиски јазик се користи изразот „bleisure“, од „business“ и „leisure“.

за време на одржувањето на фестивалот INmusic, годинава биле резервирани 75 отсто од капацитетите за сместување во ЗагребКога станува збор за Хрватска, уделот на целокупниот хрватски туризам во Бруто домашниот производ (БДП) изнесува 18,1 отсто. Не знаеме колкав процент од тоа им припаѓа на музичките фестивали бидејќи сè уште не постојат такви истражувања, но бројките самите говорат: според податоците на Booking.com, за време на одржувањето на фестивалот INmusic, годинава биле резервирани 75 отсто од капацитетите за сместување во Загреб и се проценува дека се остварени повеќе од 8,7 милиони евра генериран туристички приход за градот Загреб.

Овие бројки не се големи ако ги споредиме со фестивалот „Зигет“ на кој минатата година престојувале 496 илјади посетители, значи речиси половина милион, или шпанскиот фестивал „Примавера“ кој е најзначајниот извор на приход на каталонскиот туризам со нето заработувачка од 65 милиони евра.

Оваа година, фестивалот Inmusic, првпат во своето 12-годишно постоење беше распродаден една недела пред почетокот, а сето наведено потврдува дека фестивалот има значаен придонес за туристичките резултати на континентална Хрватска во претсезоната, а тоа е еден од клучните стратешки цели на хрватскиот туризам.

Извор: Globus

Преземено од Окно.мк

Автор:Лана Буњевац

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *