Култура

Конкурс за фотографија која треба да прикаже во каква состојба се денес објектите од културно значење

„Европеана“ и Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје објавија повик за учество на натпревар наменет за сите љубители на фотографијата, фотографи аматери и професионaлци.

„Европеана“ е дигитална библиотека, музеј и архив каде се чува културно богатство од над 3000 институции од Европа. Натпреварот#PicThisEurope е инициран од Европеана и тој претставува продолжение на дигиталната изложба на стари разгледници „Picture this! Vintage postcards of Southeastern Europe“ во која, со разгледници од Скопје, кои се дел од фондот на посебните збирки, учествуваше и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје заедно со националните библиотеки од Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Натпреварот има цел да го промовира културното наследство отсликано на старите разгледници.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да учествуваат во овој натпревар со свои фотографии кои ќе прикажат како изгледаат денес објектите и знаменитостите што се претставени на разгледниците.

„Испратете ги вашите фотографии на социјалните мрежи на Европеана FacebookTwitter или на Instagram користејќи го симболот #PicThisEurope и може да станете добитник на една од наградите или вашите фотографии да бидат прикажани на изложбата Europeana Collections. Во пораката назначете која држава, место или културна знаменитост е прикажанa на вашата фотографија“, стои во повикот за натпреварот.

Краен рок за испраќање на фотографиите е 31 август 2017.

Правилата за учество може да ги прочитате на следниот ЛИНК.

ИзворРадио МОФ

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *