Култура

Зошто Шведска е земјата во која живеат најосамените луѓе во светот

Каде престанува независноста, а почнува самотијата? Зошто Шведска е земјата во која живеат најосамените луѓе во светот? На тоа прашање се обидува да одговори новиот документарен филм на авторот на „Видеократија“, Ерик Гандини, „Шведска теорија на љубовта“. Во него гледаме како интересната теорија на шведските социјал-демократи од седумдесеттите години за среќните и независни индивидуалци добива речиси социопатски димензии 40 години подоцна.

Шведска е најосамената земја во светот. Кога си болен во Шведска, не плачеш на нечие рамо, туку пополнуваш образец – сериозно и без трошка сарказам зборува еден од протагонистите во филмот „Шведска теорија на љубовта“. Оваа филозофија се темели на манифестот од 1972 година што претставува еден од камен темелниците на шведскиот модел на држава на благосостојба. Имено, таа година група социјалдемократски политичари дојде на идеја да создаде визија за иднината, чија основна премиса е дека ниту еден возрасен човек не би требало да зависи од роднините. Изграден е систем на социјална грижа, со што општествената одговорност е префрлена од семејството на државата, што беше особено важно за ослободување на жените кои беа заробени во застарените улоги на мајки и домаќинки. Беше тоа некој вид шведски општествен договор, а со помош на бројните нови институции Шведска требаше да стане општество на независни поединци. 
Филмот ги разгледува ефектите што таквата слобода може да ги има врз поединецот, а режисерот Ерик Гандини го претстави филмот на ЗагребДокс.

Главната идеја

Шведската теорија на љубовта“ има свои корени во книгата „Is the Swede human?“ на историчарите Lars Tragardh и Henrik Berggren, а главната идеја на овој бестселер е дека автентичните човечки односи се возможни само помеѓу автономни и рамноправни поединци. Но повеќе од 40 години од манифестот, 47 проценти од возрасните Швеѓани живеат без партнер, што е највисок процент во светот, а освен што е земја со најмногу домаќинства со еден член, Шведска зазема и прво место кога се во прашање стари луѓе кои умираат без роднини.

– Беше тоа време кога во Шведска беа доминантни социјалдемократите предводени од Улоф Палме, а темелната идеја беше ослободување на жената од старомодната семејна структура. Но, тоа отиде чекор понапред и стана социјалистичка визија на семејството од иднината. Беше тоа многу напредна идеја за она време – идејата дека ниту еден возрасен човек не би смеел да зависи од семејството, а државата ќе гарантира дека секоја индивидуа ќе биде економски независна. Тоа беше повеќе од само прашање на женската еманципација, бидејќи ја опфаќаше и идејата дека постарите луѓе не би смееле да зависат од децата, како и тоа дека студентите можат да студираат не зависејќи од родителите. Исто така, односот меѓу мажот и жената не смееше да биде дефиниран со економска зависност. Во тоа време во целиот западен свет се преиспитуваше улогата на семејството како такво, дури и на филм, а еден од примерите е и одличната драма на Ken Loach под името „Family Life“, која се темелеше на идеите на радикалниот шкотски психијатар R. D. Laing дека доминантното семејство е исходиште на шизофренијата и другите ментални болести – раскажува Гандини. 

Банки на сперма

Роден во 1967 година во Бергам од шведска мајка и татко Италијанец, Гандини се преселил во Шведска на 19-годишна возраст, што му давало двојна културна перспектива.

– Кога дојдов во Шведска, можев самиот да се издржувам благодарение на студентските кредити, независно од родителите, за што моите врсници во Италија можеа само да сонуваат. Истовремено, имав проблеми со разбирањето на општествените кодови. Се разбира, постојат добри страни на оваа идеја, но мојот филм ја истражува другата страна на оваа теорија. Бидејќи прашањето е, каде престанува независноста, а почнува самотијата, што е најголемата цена на таквиот начин на живот – истакнува режисерот.

Дискретно спакуваните домашни сетови за инсеминација кои во Шведска се доставуваат заедно со упатството за употреба се вообичаени, како што се тампоните во остатокот од Европа.Во сообразност со оваа теорија, има многу Швеѓанки кои се решаваат на живот без партнер, а таткото на своите деца го бираат по пат на банка на сперма. Дискретно спакуваните домашни сетови за инсеминација кои во Шведска се доставуваат заедно со упатството за употреба се вообичаени, како што се тампоните во остатокот од Европа.

– Денес една половина од нашите клиентки се од Шведска. Тоа се жени со високо образование и добро ситуирани кои не сакаат старомодни работи како готвење ручек на сопругот – вели Ole Schou, основач на данската фабрика Cryos, најголемата банка на сперма во светот, каде се чуваат дури 170 литри сперма.

Еден од подобро платените бизниси во Шведска се агенциите кои се занимаваат со луѓе кои починале, а тоа никој не го забележал.Еден од подобро платените бизниси во Шведска се агенциите кои се занимаваат со луѓе кои починале, а тоа никој не го забележал. Тим истражувачи на чело Ани Ставлинг и Луиза Фиеро ги бара роднините на починатите; кога нема никој да се јави, заминуваат во нивните домови за да ги најдат евентуалните траги: слики, семејни спомени, сметки, известувања од банка… Ако се утврди дека починатиот нема роднини, станот ѝ припаѓа на државата, а личните предмети се фрлаат.

Општествениот живот во Шведска се сведува на организирање активности, а една од најпопуларните, но и најбизарни е потрагата по исчезнати лица наречена „Missing people“. Секој викенд група волонтери во рефлектирачки елечиња заминуваат во шума да ги бараат исчезнатите, а во потрагата учествуваат над 25 илјади луѓе. 

Сакаат дистанца

Една од протагонистките во филмот е Нела Али, Сиријка која веќе низа години живее во Шведска и им помага на бегалците да го научат јазикот и обичаите.

Однадвор, Шведска е ветена земја, но просечниот период во кој бегалците во Шведска наоѓаат работа и запознаваат Швеѓани изнесува седум години, што е најдолго во Европа.– Ако кажеш дека ќе дојдеш во 14 часот, мораш да дојдеш во 14 часот, во Шведска времето е многу важно. Исто така, Швеѓаните не сакаат долги конверзации – ги подучува Али бегалците. Однадвор, Шведска е ветена земја, но просечниот период во кој бегалците во Шведска наоѓаат работа и запознаваат Швеѓани изнесува седум години, што е најдолго во Европа.

– Швеѓаните не се расисти, тие едноставно сакаат да држат дистанца, но интеграцијата во Шведска е сè уште прилично разочарувачка – смета Гандини, а на студената Скандинавија ја спротивставува африканската срдечност.

Лекарот Ерик Ериксен работел 30 години во Шведска како хирург, а потоа со сопругата Африканка се отселил во Етиопија каде отворил полска болница и работи во невозможни услови. Свесен е дека во Етиопија владее материјална сиромаштија, но духовното страдање во Шведска, како што вели, е многу пострашно.

Филмот завршува со сјајното интервју на 90-годишниот полски социолог Зигмунт Бауман, кој смета дека независноста не е среќа, туку „празнина на животот, бесмисленост на животот и незамислива здодевност“ и дека клучот на среќата и заедништвото е во взаемната зависност, а поентира со реченицата дека „среќата не е живот без проблеми, туку среќа е да се има проблем и да се решава“.

Ерик Гандини се прослави со филмот „Видеократија“ од 2009 година, каде ја прикажува Италија во времето на владеењето на Силвио Берлускони. Дали имал проблеми заради тој филм?

– Да, имав проблеми, бев субјект на медиумски прогон, што ние на италијански јазик го нарекуваме „la macchina del fango“, а трејлерот на мојот филм беше забранет на сите телевизии. Денес ситуацијата со медиумите е нешто подобра, Берлускони ја изгуби политичката моќ, не само поради сите скандали кои го придружуваа, туку делумно и поради своите години, не е повеќе така шармантен и уверлив. Освен тоа, доаѓаат помлади политичари и има многу повеќе жени отколку порано. Но „берлусконисимо“ како идеологија е сè уште присутна, особено тој површен, хедонистички свет кој се прикажува на телевизијата и тешко е да се ослободите од него. Можете да го најдете дури и во фигурата на премиерот Матео Ренци, тој е исто така самољубив, како што беше Берлускони, се разбира, многу е помлад, но за некои работи многу наликува на него. Инаку, шведските политички скандали ги смеат луѓето во Италија бидејќи тие се толку минорни во споредба со нашите.

Автор:Лана Буњевац

Преземено од окно.мк

Извор: Globus

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *