Култура

Во Куклица се одржа манифестацијата „Шопска свадба“2017

Кратово и селото Куклица ја имаат „Шопска свадба“, културна манифестација којашто допрва треба да прерасне во препознатлив бренд, како што Галичник ја има надалеку познатата Галичка свадба. Изминатава недела, 24 септември, се одржа оваа манифестација по трет пат на локалитетот Камени кукли во селото Куклица, Кратовско, во организација на здружението Етно ризница од Куманово.

Голем број посетители имаа можност да се запознаат со вековните обичаи и традицијата од Шопскиот крај на Кратовско, коишто преку   сценска адаптација  беа презентиранина  на оваа манифестација „Шопска свадба“, чијашто цел е возобновување и чување од заборав на обичаите од ова поднебје.

Годинава манифестацијата помина без младенци, но  сепак беше реализирана целта на промоција и презентација на историското и културно наследство на жителите од Североистокот на Македонија, во кој значителен број се токму Шопите. Оваа година се одржа сценска адаптација  на „Шопска свадба“ во изведба на членовите на Културно-уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“ од Куманово.

На локалитетот се одржа и богата културно­уметничка програма на која беа изведени и песните од првиот носач на звук насловен „Етно ризница“, со народни песни од вој крај, коишто на овој начин се сочувани од заборав.

Сселото Куклица – Кратовско, се наоѓа во источниот дел на Р. Македонија каде се наоѓа геолошкиот резерват наречен Весела свадба, познат како Куклици.  Спрема една локална легенда, камените фигури претставуваат скаменети младоженци и сфатови.. Легендата вели дека  некое момче,  не можело да се одлучи помеѓу две девојки, па решил да ги ожени и двете.  Тој им  закажал на двете девојки во ист ден. Едната од двете девојки, кога  слушнала музика истрчала од својата куќа да види кој прави свадба во ист ден кога е и нејзината. Во моментот кога го видела своето момче со друга невеста таа ги проколнала сите присутни. Во нејзиниот бес, таа ги претворила сфатовите, младоженецот и невестата во камени столбови

Фотографии: Бранко Миленковски

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *