Култура

Чии дела се 10-те најпознати згради во Скопје?

Ниту силните земјотреси, ниту големата поплава биле доволни да се разруши главниот град на Македонија.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-01_copy.jpg

Скопје и понатаму опстојува прекрасен според некои, нагрден и непрепознатлив според други, но факт е дека тој е нашиот дом и немаме друго резервно место за живот.

Скопје дише со својата историја и сè уште има свои препознатливи улици и маала, а ова се дел од објектите коишто ја задржале својата автентичност и несекојдневна убавина.

Дали знаете чие дело е Музејот на современа уметност, старата пошта во центарот на градот или пак оригиналната зграда на Владата на РМ?

Погледнете ги монументалните архитектонски обележја на главниот град и дознајте нешто повеќе за нивните автори:

Влада на РМ

Автор на оригиналната зграда е архитектот Петар Муличковски, роден на 2-ри март 1929 година во Прилеп.

Муличковски е исто така  автор и на зградата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-vlada-na-rm_copy.jpg

Македонска академија на науките и уметностите – МАНУ

Борис Чипан е името кое треба да го запаметите, бидејќи овој Охриѓанец е творецот на националната научно-творечка установа – МАНУ.

Роден на 27-ми март, 1918 година, Чипан бил и редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-manu_copy.jpg

Музеј на современа уметност

Сместен на самиот рид Кале во непосредна близина на тврдината, Музејот на современа уметност има особена одлика на модернизмот, а тимот кој стои позади неговото проектирање се нарекувал „Варшавски тигри“.

Тројцата автори Kłyszewski, Mokrzyński и Wierzbicki од Полска го освоиле првото место на конкурсот во 1965/66 година, од вкупно 89 пристигнати трудови како идејни решенија за Музејот.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-muzej-na-sovremena-01_copy.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-muzej-na-sovremena-02_copy.jpg

Републички хидрометеоролошки завод во Скопје

Архитектот позади една од најинтересните згради во Скопје е Крсто Тодоровски, роден на 8-ми август 1930 година, кој воедно е дел од првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949 година.

Автор е на многу проекти со општествен, но и спортски карактер.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-hidromet-zavod_copy.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-hidromet-zavod-02_copy.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-hidromet-zavod-03.jpg

Архив на Град Скопје

Георги Константиновски е име кое апсолутно мора да го запаметите.

Роден на 29-ти јули 1930 година во Крагуевац, Србија, Константиновски дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје на одделот за архитектура, а своето образование го продолжил на Универзитетот Јеил во САД. Соработувал со многу познати и славни светски архитекти.

Делата на Константиновски ја дефинираат обновата на Скопје по земјотресот, а нему му ја должиме изградбата на Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, како и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-arhiv-na-skopje_copy.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-arhiv-na-skopje-02_copy.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-arhiv-na-skopje-03.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-st-dom-goce-delcev.jpg

Природнонаучниот музеј на Македонија

Зградата во непосредна близина на Зоолошката градина е дело на архитектот Трајко Димитров, кој е роден на истиот ден како и архитектот Крсто Тодоровски.

Негови дела се и Покриениот пливачки базен „Младост” и Административно-деловниот комплекс „Палома Бјанка” во Скопје.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-prirodonaucen-muzej.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-prirodonaucen-muzej-02.jpg

Телекомуникациониот центар за ПТТ

За старата пошта во центарот на Скопје можеме да му се заблагодариме на Јанко Константинов, роден во 1926 година, кој Дипломирал на Архитектонскиот факултет при техничката висока школа во Белград.

Негово дело е и хотелот „Александар Палас“ изграден во 1998 година.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-glavna-posta.jpg

Македонска опера и балет – МОБ

„Биро 77“ стои како тим позади една од најинтригантните згради во Скопје, составен од 4 автори: Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер и Марјан Уршич.

Лоцирана покрај кејот на Вардар, домот на операта и балетот е завршен со изградба во 1979 гоодина.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-mob.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-mob-02.jpg

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-mob-03.jpg

Зграда на МРТ

Една од најпрепознатливите згради во Скопје, зградата на националната ТВ куќа е проектирана од страна на Кирил Ацевски, а целосната изградба на сложената просторна целина е завршена во 1983 година.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-zgrada-na-mtv.jpg

Ристиќева палата

Омилената зграда во строгиот центар на Скопје со поглед кон плоштадот и мостот на реката Вардар е дел од визијата на архитектот Драгутин Маслаќ.

Објектот припаѓа на правецот академизам и го оформува најзначајниот агол меѓу познатите ул. Македонија и ул. Максим Горки.

Cie-delo-se-10-najpoznati-zgradi-vo-skopje-ristikeva-palata_copy.jpg

Извор: Црно бело

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *