Култура

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески во трка за најдобар филм во Талин

Македонскиот филм „Исцелител“, со интернационален наслов „Secret Ingredient”, на режисерот Ѓорче Ставрески, е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на светски познатиот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија, кој е домаќин на над 700 делегати од филмската индустрија.

Филмот ќе има интернационална премиера во програмата „Први долгометражни филмови“ и трипати ќе биде прикажан за време на фестивалот.

Во филмот играат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ и Симона Димковска. Сценарист е Ѓорче Ставрески, автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Мартин Иванов, мајстор на тон е Игор Поповски, сценограф е Симо Бранов, костим – Раде Василев, а шминката е на Мојца Горогранц Петрушевска.

Македонската премиера ќе биде на 19 ноември во рамки на фестивалот „Синедејс“.

„Црни ноќи“ е еден од 15-те водечки филмски фестивали во светот, единствен во нордискиот и балтичкиот регион акдредитиран во престижната А-категорија и еден од најголемите во Северна Европа. Има три компетитивни програми: Официјална селекција, Први долгометражни филмови и Естонски филмови. Покрај нив, има и некомпетитивни програми и ретроспективи, а домаќин е на еден од најголемите настани во филмската индустрија, „Tallinn Industry”.

Фестивалот е формиран 1997 година и ова е негово 21-во издание, а филмот „Исцелител“ е прв македонски филм кој ќе биде прикажан на овој значаен фестивал во натпреварувачката програма. Фестивалските проекци и настани привлекуваат над 80.000 посетители, кои можат да погледнат филмови од повеќе од 70 земји.

Фестивалските проекци и настани привлекуваат над 80.000 посетители кои можат да погледнат филмови од преку 70 земји.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *