Култура

Договор за брак врежан пред 4000 години

Турски археолози пронашле 4.000-годишна асирска печена глинена плоча, на којашто е врежан договор за брак. Ова, сепак, не е единствената глинена плоча од ваков вид, ги има уште десетици илјади други. нСега, ккао што е наведено во новиот работен документ, внимателниот превод на многу од нив, открива нешто нешто крајно извонредно: локациите на античките метрополи кои долго време се губат со песоците на времето. Авторизиран од високиот предавач на Универзитетот Харвард за асириологија, Гојко Барјамовиќ и меѓународен тим на економисти, тој има потенцијал да го промени начинот на кој се разбера Асирската империја.

Овие таблети се ископани од античкиот град Канеш, кој се наоѓа во денешна Турција. Напишани во клинестото писмо развиено од сумерите од Месопотамија, тие се мешавина од деловни трансакции, сметки, печати, договори и брак.

Она што е посебно интересно кај овој пронајдок е што на него првпат се спомнува неплодноста. И во денешно време постојат разни начини и обиди за решавање на овој проблем. Многу парови се обидуваат да добијат дете со помош на медицински потпомогнато оплодување, а во некои држави законот им дозволува да најдат жена која ќе им роди дете.

Во древниот договор исто така постои обид за решавање на проблемот со неплодноста. Во него се наведува дека ако парот не може да добие дете во период од две години, тогаш сопругата ќе му дозволи на сопругот да пронајде робинка која ќе стане сурогат-мајка. По раѓањето на првото момче, робинката мора да се ослободи.

Главниот истражувач, професорот Ахмед Беркиз Турп од Универзитетот Харан во Турција, вели: „Робинката морала да биде ослободена по раѓањето на првото машко дете, зашто на таков начин семејството сметало дека се погрижило тие да не останат без потомци.“

Плочата настанала за време на Асирското царство во 25 век пред Христос. Во него се развила една од најраните цивилизации во човечката историја. Во Месопотамија постоеле големи градови, а луѓето во нив пишувале. Клинестото писмо први го донеле асирските трговци. На подрачјето Култепе во 1925 година археолозите пронашле 1000 плочи кои биле напишани на клинесто писмо. Плочите се чувале во дрвени ковчези или вреќи. Тие се доказ дека оваа цивилизација имала уреден општествен систем. Населбата веројатно исчезнала поради пожар. Глинената плоча е изложена во Археолошкиот музеј во Истанбул како најран документ во кој се спомнува неплодноста. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Gynecological Endocrynology.

Извор: www.iflscience.com

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *