Култура

Кога индустријата ги формира критериумите за убавина

Кои се најчестите заблуди за диетите? Најчестата грешка кога се препорачува некоја диета и кога почнува таа да се применува е што не се зема во предвид реакцијата на организмот. Што значи тоа? Имено, најчесто диетите содржат ниско калорична храна, и како  резултат  од нејзино внесување се постигнува т.н. јо јо ефектот кој се јавува по завршувањето на диетите. Ова се објаснува со одредени промени што настануваат во организмот како резултат на диетите. Имено, во периодот на “гладување” метаболизмот се забавува, калориите се складираат а во мозокот се испраќаат пораки дека на организмот му е потребно повеќе храна. Кога диетата ќе заврши, организмот овие екстра калории ги претвора во вишок – сало, по што следи период во кој тежината се зголемува повеќе од она што е изгубено. Така во текот на диетата ако се загубени 10 килограми, тежината се зголемува за 20, или за изгубените 20 килограми тежината се зголемува за 30 кг и т.н. се разбира ова се податоци, ако не се земат и други фактори кои влијаат и ја одредуваат тежината а тоа се генетскиот фактор и тежината.  Податоците велат дека дури 95-98 проценти од сите диети, завршуваат за три години.

Некои заблуди во врска со дебелината

Секоја дебелина не значи дека носи и одредена болест. Напротив. Подобро е да се остане на некој килограм повеќе а да се биде здрав, отколку да се постигне јо-јо ефектот, со губењето и додавањето на килограми. Прашањето да се биде здрав и дебел е комплексно и во себе вклучува повеќе фактори. Истражувачите покренале многу повеќе прашања одошто успеале да дадат  одговори.. Единствена вистинска и употреблива опција е да бидеш колку што е можно поздрав, не земајќи ја во предвид тежината.

Ако е некој дебел, тоа не значи дека тој внесува многу храна во однос на некој кој јаде повеќе а изгледа послаб. Едноставно на сцена стапува метаболизмот. Некои истражувања покажале дека не може да се направи разлика во внесување на храна помеѓу дебелите и слабите. Оние што се принудени на диети, и кои ги игнорираат пораките на нивниот организам за храна, стануваат опседнати од храна, и обично јадат многу повеќе по завршувањето на диетите.  

Ако сте дебели не значи дека не сте привлечни и убави. Освен тоа, критериумите за она што е убаво постојано се менува со времето и се прифаќа како kонцепт на средина што важи за одредено време. Многу ѕвезди во минатиот век, кои се сметале за секс симболи, денес би биле сместени во групата на полнички. Медиумите, рекламите и индустријата, се тие коишто ги лансираат критериумите за убавина. Но, ние мора да се потсетиме дека горе споменатата групација има намера да н¢ направи незадоволни со нашиот изглед, за да можат тие да остваруваат профит. 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *