Култура

Славниот пијанист Борис Березовски – солист со Македонската филхармонија

Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, Борис Березовски од Русија, ќе биде солист на симфонискиот концерт на Македонската филхармонија со наслов „На руски начин“. На концертот што ќе се одржи вечерва (четврток) со почеток во 20 часот, Березовски ќе го изведе најпопуларниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахмањинов, познат и како „РАХ3“. 

Музичката критика е едногласна во мислењето дека Березовски во моментов е еден од најмоќните пијанисти кој поседува уникатна техника и сензитивност, кој има специфичен пристап кон пијаното и, воопшто, кон музиката која ја изведува, се наведува во најавата на концертот. 

Како и на претходниот, диригент и на претстојниот концерт ќе биде Емил Табаков од Бугарија. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и увертирата-фантазија „Ромео и Јулија“ од Петар Илич Чајковски и свитата „Вљубен во три портокали“ од Сергеј Прокофјев.

Билетите се веќе достапни и може да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија, да се резервираат на тел: 02/3238 182 или да се купат преку веб-страниците www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *