Култура

Башким Шеху и Мурат Озјашар добитници на „Балканика“

Книжевната награда „Балканика 2015“ е доделена на книгата „Играта, падот од небото“ на Башким Шеху од Албанија, а „Балканика 2016“ ја доби книгата „Црн хумор“ на Мурат Озјашар од Турција. Одлуката беше донесена во Скопје кадe викендов во неколку сесии се одржуваше еден од најзначајните книжевни настани во регионот – жирирање и свечено доделување на меѓународната книжевна награда „Балканика“ за најдобра книга за 2015 и 2016 година. Меѓународното жири го сочинуваа седум книжевни критичари од секоја од државите-членки на Балканика, на чело со претседателот на жирито – професор Ендрју Вахтел од САД. Тие синоќа ги донесоа одлуките за победници во конкуренцијата од седум книги.
 
Македонски претставник во трка за Балканика во 2015 беше Владимир Јанковски со „Невидливи љубови“, а за Балканика 2016 –  романот „Но-Уи“ на Лидија Димковска, која влезе и во најтесен избор за наградата која му припадна на авторот од Турција

Викендов во Скопје се одржуваше еден од најзначајните книжевни настани во регионот – жирирање и свечено доделување на меѓународната книжевна награда „Балканика“ за најдобра книга за 2015 и 2016 година. Меѓународното жири, составено од седум реномирани книжевни критичари од секоја држава, го предводи претседателот на жири комисијата, професорот Ендрју Вахтел од САД.

Фондацијата „Балканика“ е основана во 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од 7 држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика се наоѓа во Софија, Р. Бугарија, на чело со претседателот, господинот Николај Стојанов. Во Балканика членуваат по една реномирана издавачка куќа од секоја од седумте држави-членки на фондацијата. Одржувањето на книжевната манифестација ротира кај секоја од државите членки. Значајно е да се истакне дека секој добитник на наградата се стекнува со голем публицитет и вон балканските држави, и неретко е значајна за пробивањето на авторот во меѓународни рамки, а со самото тоа и афирмацијата на книжевноста на државата од која доаѓа.

Од Македонија за 2016 е номинирана Лидија Димковска со романот „Но – Уи“ (Или-Или,2016) а за 2015 е номиниран Владимир Јанковски со „Невидливи љубови“ (Антолог,2015).

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *