Култура

Фармаколошките ативни материи во чоколадата се исти како кај марихуаната

По објавувањето на позитивните својства на чоколадата врз здравјето на луѓето, бројката на обожувачи на чоколадото молскавично порасна. Овие изнесени податоци претставуваа зелено светло  за оние конзументи кои се воздржувале од јадење чоколада, најчесто сметајќи дека тоа ќе делува на зголемување на нивната тежина.  Дека на чоколадата и претстои светла иднина, покажа истражувањето што беше направено во март оваа година, во кое беше опфатен пазарот и потрошувачите.

Ова истражување ја разреши дилемата дека жените не се единствените зависници од ова слатко задоволство, како што се мислеше досега. Во најискрената категорија на љубители и восхитувачи  на чоколадото, оние кои не можат да се воздржат пред вкусот на ова слатко задоволство, подеднакво влегуваат и жени и мажи. Познато е дека кога еднаш ќе се проба вистинско чоколадо, вкусот засекогаш останува мемориран и сакаме да пробаме повторно. 

На пазарот биле понудени нови чоколади, со различни комбинации на егзотични и различни вкусови. Една третина од прашаните кои пробале чоколадо со необични вкусови, (како што се чај, егзотичен мед, цитрус, тропско овошје, зачини), и тоа во последните три месеци, одговориле дека повторно би пробале такво чоколадо. Додека 36 проценти, “признале” дека ваквите чоколади не се нивни “тип” но дека повторно би сакале да го доживеат вкусот. 

Произведувачите на чоколада се служеа со разни “трикови” заменувајќи го какао-путерот со други растителни масти. Меѓутоа вистинскиот вкус на вистинското чоколадо не можеше да се замени а потрошувачите беа спремни да платат и повеќе само за да го почувствуваат вистинскиот вкус. Аналитичарите на пазарот велат дека производителите денес ќе треба да размислат за насоките преку кои ќе пласираат нови чоколадни проиводи, коишто треба да бидат доволно квалитетни и вкусни. Но исто така тие напоменуваат дека иновациите во производството на чоколади не се единствениот пат во градењето на водечка позиција на пазарот. Тука се и постојните стандарди што треба да се запазат во процесот на производство.

Чоколадата создава зависност

Милиони луѓе признаваат дека не можат без вкусот на чоколадо и дека се зависни од неа. Во што е тајната? Според некои истражувања одговорот се наоѓа во расположението. Имено, додека се јаде чоколада, мозокот лачи состојка којашто предизвикува чувство на задоволство и ја намалува напнатоста.

Некои пак истражувачи, во нивните анализи како делува чоколадата, отишле толку далеку што својствата на ова слатко задоволство го поистоветиле со марихуаната. Имено, тие откриле дека фармаколошките активни материи во чоколадата имаат исто влијание како и марихуаната. Други пак тврдат дека чоколадата е како некој еликсир. Околу десетина грама чоколада содржи феноли исто како и една чаша црвено вино, кои пак се антиоксиданти кои позитивно делуваат на крвта и воопшто на здравјето на луѓето.

Патот од течна до цврста чоколада

 

Ако не беа европските освојувачи на Американскиот континент, сигурно дека Европа ќе остане лишена од ова слатко задоволство. Маите биле први кои ја спознале вредноста на, во тоа времетеч но чоколадо. За големото значење на какаото зборува и тоа што тие семките ги користеле како платежно средство. Нешто подоцна, и Ацтеките дознаваат за ова вкусна напивка, па и тие семките од какото ги користеле како платежно средство. Какаото било донесено прво во Шпанија во 1528 година, и брзо станала омилена напивка, најпрво, се разбира во тоа време, кај аристократијата. Во текот на целиот среден век чоколадата се консумирала во течна состојба. Дури на почетокот на 19 век, е пронајдена технологијата на производство на чоколада како табла, т.е. во цврста состојба. Благодарение на оваа постапка, чоколадата може полесно да се транспортира, и оттогаш таа станува најомилен и најпопуларен производ ширум светот. 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *