Култура

Леќи за гледање далеку, за близу и нешто измеѓу

Луѓето денес живеат подолго, работат подолго, водат многу поактивен и подинамичен живот, па поради тоа сакаат и да функционираат успешно како да се млади. Видот е меѓу првите сетила што почнува да откажува а наочите се како првата ластовичка што ја најавува староста. Да се стават наочари за некого воопшто не претставува проблем, зашто за оваа група мисленици тоа е симбол на интелектуалност, што само по себе вклучува некаков степен на начитаност. Но, за оние коишто размислуваат спротивно и кои се во поголем број, да се стават “тегли” на очите е грда слика, којашто им го нарушува нивниот имиџ на младешки изглед, затоа што носење наочари се поврзува со староста и со одредена немоќ. Леќите се многу убаво решение за да се задржи посакуваниот изглед, да се задржи  младоста, и дури  да придонесе за поубав изглед, бидејќи со изборот на леќите можете да ја смените бојата на очите каква што отсекогаш сте посакувале. Но што се случува по одредено време? Решението со леќите со текот на времето избледнува. Некаде помеѓу 40 и 50-иот роденден суровата реалност повторно се поигрува со овие луѓе, па така, дури и со леќи, буквите им стануваат се помали и нечитливи, а цените во продавниците нејасни или невидливи. И покрај тоа што мислат дека наочарите се само за стари луѓе, тие повторно се одлучуваат да стават наочари, иако многумина од ваквите истомисленици наочарите ги чуваат само за домашна употреба.

Но, медицинската наука, со последните достигања, им излегува во пресрет и на ваквите  суетни противници, со најновата можна опција на леќи за далеку гледање. Благодарение на високиот развој на компјутерската технологија и брзиот развој на науката и техниката, се развиени нови леќи со кои е возможно да се гледа поблизу, подалеку или измегу. Контактните леќи се наречени мулти т.е. повеќе фокусни леќи коишто и понатаму ќе се усовршуваат и ќе бидат подостапни за широката потрошувачка. Ова најново достигање од областа на оптиката се должи и на резултатите на оптичарите и офталмолозите коишто стануваат се поискусни во одредувањето на дијагнози, што резултира со помала нелагодност и дава подобри резултати. Овие леќи се направени од три концентрични круга, нешто што наликува на окото, и со нив може јасно да се гледа близу, далеку и на средна  оддалеченост.

  Цената на новите леќи се движи од 200 до 300 долари, и зависи од типот на леќите и степенот на прилагодување. Највисока цена што можат да ја достигнат овие леќи е 1000 долари, бидејќо треба да поднесат повеќе прилагодувања што пак зависи од комплексноста на случајот, односно од дијагнозата. Голема улога во приспособувањето на леѓите на очите на пациентите имаат оптичарите. Тие како специјалисти се снабдуваат со различни примероци на леќи од различни произведувачи, прибирајќи ги информациите од пациентите како тие се прилагодиле на одредени леќи.

Бари Фаркас, оптичар од Њујорк, кој тестира леќи од различни производители, вели  дека неговиот успех за далековидноста кај пациентите е 75 до 80 проценти со пропустливите леќи и 60 до 70 проценти со меките леќи. Тоа смета дека прилагодувањето на леќите одзема недела или две.По овој временски период, само некои сеуште  имаат потреба од додатни наочари за читање, особено ако стветлото е слабо.

Адвокатот Ричер, по две години носење на мултифокусните леќи, почнал да забележува дека има потреба од повеќе светло додека чита. Затоа неговиот доктор ја сменил диоптријата, што резултирало со намалување на дистанцата, со што тој гледал многу подобро. Кога станува збор за леќите, тоа е типично балансирање, велат експертите. Г-дин Ричер се одлучил да живее со вакви леќи. “Само во одредени ситуации сум свесен дека носам леќи, и тоа кога возам ноќена пат полн со сообраќајни знаци, или ако ми се погоди « лошо” седиште во театар, вели овој адвокат.

Стручњаците нудат уште еден избор. За да се надмине било каква негативност во мултифокалноста, може да се избере моноперцепцијата, каде што едното око, коешто обично е подоминантно во однос на другото, ќе биде опремено со леќа и ке може да гледа далеку, а другото ќе биде опремено со леќа за близу. Предноста од ваквата моновизија, е што може да добиете перфектна слика од далечина и од близина, меѓутоа не со двете очи, туку одделно.

 Кога госпоѓата Ведберг, учител по пилатес, пробала со моновизијата, таа се почувствувала толку изгубена и дезориентирана што се откажала по една недела и повторно ги ставила нејзините наочари врз контактните леќи. Но после две години кога кратковидоста и се влошила, таа повторно се обидела. Овој пат таа лесно се адаптирала, но затоа страдала нејзината игра во тенис: кога топката ќе и се приближила близу, с¢ и станувало замаглено. Сега таа користи леќи кога чита, и леќи за далечина кога игра тенис или гледа ТВ. Моновизијата е возможно да се постигне и по пат на хируршка интервенција, велат лекарите.

Меѓутоа ваквата интервенција може да биде привремена, бидејќи далековидоста продолжува да се влошува за 15 до 20 години, така што луѓето кои направиле хируршка корекција на нивниот вид на нивна 40-годишна возраст, подоцна повторно ќе мора да носат наочари. Сепак моновизијата и не претставува некое решение за да се избере. Некои го корегираат видот со бифокални леќи, кои се идентични на наочарите. Како и со бифокалните наочари, и леќите се направени така што горната половина служи за гледање далеку, а за гледање одблизу служи долната половина од леќите. Секако без разлика какви се леќите, проблемот со нив е нивното прилагодување, приспособување, бидејќи и со најмало измрдување се поматува и сликата. Некои луѓе не можат да носат леќи. Околу пет до 10 проценти од луѓето не можат да носат леќи бидејќи им се јавува некаква алергија или некои други проблеми како што е недоволната влажност во очите. Како ќе си го решат проблемот со нивниот вид, оние, коишто сметаат дека наочарите се само за стари лица и дека ставањето на стакла на очите им го нагрдува  нивниот младешки изглед?

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *